Македонија
Ексдиректорот на охридските гробишта обвинува за политичка хајка
Ексдиректорот на охридските гробишта Зоран Симоноски реагира на пријавата која ја поднесе полицијата против него. Тој тврди дека СДСМ во отсуство на реални проекти и дебаклот кој го доживеа во своjата прва година од мандатот сега се потпира на полициските структури.
,,СДСМ води нарачана и пресметана хајка врз поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ поднесувајќи неиздржани кривични пријави кои имаат политичка цел. Се работи за политичка нарачка, базирана на погрешни претпоставки и лажни конструкции, а целта е рушење на угледот на личноста на поранешните директори од страна на ВМРО-ДПМНЕ”, вели тој во реакцијата која што ја пренесуваме интегрално:
,,Лично за менe, Зоран Симоноски, поранешен директор на ЈП „Градски гробишта“ по вторпат лажно и неаргументирано се поднесуваат кривични пријави со цел рушење на мојот углед и личноста. СВР Охрид пред некој ден поднесе кривична пријава во која се вели по два основа дека сум го оштетил буџетот на ЈП, односно на добавувач по јавна набавка му се префрлени парични средства повеќе од договорената сума. А по вториот основ исто така бил оштетен буџетот по основ незаконски доделен договор за вработување.
Овие обвинувања категорично ги отфрлам како невистинити, лажни и политички конструирани.
Имено, во време на мојот мандат спроведени се две јавни набаки за делови на патнички возила и тоа прериод 2015-2016 и вториот договор 2016-2017. Ако конструкторите и нарачателите на овие пријави добро ги погледнеле договорите и аналитичките картички по системот во ЈП и во фирмата-добавувач ќе констатирале дека со првиот договор за набавка:
– Договорената сума изнесува 390 000 денари без ДДВ, а се реализирани (искористени) 347 000 денари без ДДВ;
– А по вториот договор договорената сума изнесува 214 000 денари без ДДД, а реализирани (искористени) 121 000 без ДДВ.
Како што може да се види од изводите, аналитичките картици и фактурите нема надминување на договорената сума.
Лага е дека сум унапредил вработен со повисоко решение оштетувајќи го буџетот за околу 39 000 денари и не е точно. Работникот беше „возач на возило“ и по договор за вработување со арх. бр. 04-464/2 од 25.10.2011 година дадено од Директор, кадар на СДСМ, а во 2016 година по сила на новиот Закон за јавна администрација дадено му е исто решение „возач на возило“ согласно Каталогот за работни места и систематизација при МИОА. Со тоа што со новиот Закон за ова работно место се бараше еден степен повисоко образование, а со тоа овозможено му е на вработениот да го дозаврши бараниот степен на образование во рок од 7 години до 1.3.2022 година согласно Законот за јавна администрација и измените на овој Закон од 2014 година, службен весник 199/14, член 29, став 1, којшто правен акт е напишан и потврден во новото решение за работа во точка 3.
Додека СДСМ го распродава името на државата и го менува Уставот, граѓаните треба да ги коментираат политички креираните обвиненија против ВМРО-ДПМНЕ. Јасна е намерата, дека тоа е без докази, без основна аргументација надвор од сите правни норми и стандарди.
СДСМ врши селективна правда и злоупотреба на полициските структури како алатка за казни, уцени и притисок.СВР не смее да биде продолжена рака на СДСМ. Против подносителите на овие пријави ќе бидат поднесени од моја страна соодветни пријави за лажно пријавување имајќи ја предвид презентираната документација од која јасно произлегува дека во овој случај од моја страна не се преземени дејствија во кои се содржани елементи за делото кое ми се става на товар”, се вели во реакцијата на Симоноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

