Контакт

Македонија

(Видео) Стаменковска:Една година од мандатот на Георгиевски и СДСМ исполнета со лаги и манипулации

Објавено пред

Измина една година откако Социјалдемократскиот сојуз го презеде водењето на општина Гази Баба, година на изневерени очекувања, неспособност, нереализирани ветувања и реваншизам. Со право денес граѓаните од нашата општина коментираат дека Гази Баба повеќе не наликува на општина која се наоѓа во метрополата. Ние денес сме општина на скандали и зачмаеност, а локалната самоуправа се занимава со пропагандни активности обидувајќи се за себе да креира лажна слика дека нешто работи и исполнува. Фактите говорат дека изборната програма на Борче Георгиевски за локалните избори 2017-та била лажен памфлет, оттука таа денес е пример како се потценуваат и мамат граѓаните за нивниот глас, изјави Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според неа, Георгиевски излажа дека ќе воведе гасификација во општината, како и изградба на фекална канализација во Трубарево, Јурумлери, Идризово, Гоце Делчев, Црешево,  Булачани, Виниче, Смилковци, Раштак и Ченто.

,,Мртво слово на хартија, нема ништо од ветеното. Градоначалникот на општината отиде дотаму во своите предизборни мамења при што ветуваше поголем опфат на згрижување на децата и олеснување  на животот на семејствата со ветување за изградба на детски градинки во Керамидница, Сингелиќ и Стајковци кои до денес не се воопшто започнати.

Списокот на ветени а нереализирани проекти продолжува со најавата за изградба на нов трговски центар во Маџари, катна гаража во Ченто, спортско-рекретивен центар во Црешево, отворен базен во Хиподром. Жителите на урбаната заедница Автокоманда не ја добија ветената поликлиника која Георгиевски ја најави како подобрување до пристапот на здравствени услуги, младите од оваа населба беа изневерени преку неисполнетото ветување за нова спортска сала. Водоснабдувањето за многу домаќинства од селата Раштак и Булачани се се уште незамислив проблем бидејќи градоначалникот не го реализира јавно даденото ветување дека ќе го реши во најкус рок. Тоа беше едно од првите ветувања и фалби на Георгиевски”, изјави таа.

Според Стаменковска, ,,нема никакви инвестиции во изградба на нови булевари, мостови, игралишта, не се реализира асфалтирање на улици, не се прават пешачки и велосипедски патеки. Секојдневното движење на граѓаните е крајно отежнато, во некои делови од општината и скоро и невозможно”.

,,Не се гради ниту најавениот мост кој требаше да ја поврзе општина Гази Баба со општина Аеродром. Клучни локации, булевари и улици се во целосен мрак, за кои локалните власти ништо не превземаат.Во мандатот на Георгиевски масовно се сечат дрва и се уништува зеленилото како никогаш до сега при што реакциите и протестите на граѓаните се игнорирани како што беше примерот во населбата Железара. За сметка на тоа загадувањето урива рекорди и го загрозува здравјето на луѓето.Безбедноста во општината е намалена, граѓаните се чувствуваат несигурно.

Чести се и случаевите на партиски реваншизам преку преместувања, разместувања и разрешувања на вработени професионалци во локалната самоуправа и други институции под надлежност на градоначалникот кои професионално и законски си ги исполнуваат работните задачи. Понатаму, се прават незаконски упади во ингеренциите на директорите на основните училишта и се опструира нивното работење. Борче Георгиевски на најгруб начин го крши Законот за локална самоуправа и се обидува да го подреди Советот на општина на своите интереси за што веќе ја информиравме јавноста. Во интерес на граѓаните, Советот на општина Гази Баба во кој мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, секогаш беше конструктивен во интерес на граѓаните, така што учествуваше и го поддржа носењето на буџетот за 2018 година како и неговиот ребалансот. Спротивно на тоа, Георгиевски вината за неговата неспособност и манипулација со дадени лажни ветувања ја префрлуваше врз советниците.
Потврда дека градоначалникот не работи за она за што му е дадена доверба е податокот дека буџетот е реализиран само 38 % и тоа
-поддршка на локален економски развој 1,36%,
-урбанистичко планирање 6,9%,
-одржување на локални патишта 7,28%,
-изградба на јавно осветлување 4,9%,
-изградба на систем за отпадни води 6,5%,
-капитални трошоци на општината 22,09%,
-програма за урбанистичко планирање и уредување на просторот околу 20%.
Пошироката јавност, се уште му го памети скандалот со даденото одобрување за верско делување во едно основно училиште кое предизвика бран реакции и негодувања. На повидок и е голем скандал со негирање на вољата на жителите од урбаните и месните заедници. Граѓаните денес се целосно исклучени во водењето на општината”, вели таа.

Според Стаменковска, списокот на лаги е долг но Георгиевски само едно не излажа во својата предизборна програма, дека да се биде градоначалник е привилегија. ,,И навистина е така, Георгиевски ужива во привилегиите на грбот на даночните обврзници и граѓаните од Општина Гази Баба. Животот дојде за него и малкумината околу него”, додаде таа.

Македонија

Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар

Објавено пред

Од

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.

dobivaj vesti na viber

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.

Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.

Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.

Прикажи повеќе...

Македонија

Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации

Објавено пред

Од

Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.

dobivaj vesti na viber

Пелагониски регион

Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.

Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.

Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.

Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.

Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.

Југозападен регион

Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.

Скопски регион

Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.

Полошки регион

Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.

Источен регион

Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.

Кратово

Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.

Југоисточен регион

Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.

Североисточен регион

Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.

Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?

Објавено пред

Од

ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.

dobivaj vesti na viber

„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро.  Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија4 часа

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија5 часа

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија6 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ7 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет8 часа

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија9 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија9 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ10 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа11 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет11 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет12 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет12 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа13 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија13 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија13 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија1 ден

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија1 ден

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија1 ден

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...