Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ:Македонија со оваа мафијашка власт стана најсиромашното место за живеење во Европа

Однародената и криминална власт на СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев системски ја уништуваат македонската економија. Република Македонија со оваа мафијашка власт стана најнесреќното и најсиромашно место за живеење во Европа. Во оваа година и пол она што беше макотрпно градено со години успеаја да го уништат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, граѓаните и бизнисите едвај врзуваат крај со крај, задолжувањето на државата безмислосно се зголемува, но затоа фирмите на Заеви вртат милиони евра.
,,Затоа дојде живот за аболицираниот криминалец Зоран Заев и картелот околу него кои отвораат фирми низ Македонија како од шега. Прво го купија по цена како за еднособен стан струмичкиот конфекциски гигант ‘Герас Цунев’, па камионите на Заеви почнаа да возат за РЕК Битола, а откако видоа дека и тоа им е малку влегоа во милионскиот бизнис со марихуана. Во меѓувреме си делеа концесии за глина, пренаменуваа градежно земјиште, си делеа криминални иновации и земјиште за хидроцентрали. Зоран Заев на најбезобразен начин ги лажеше граѓаните за време на предизборната кампања. Ветуваше дека ќе ја зголемувал минималната плата секоја година сè додека не стигне до 16.000 денари, но нема ништо од тоа”, соопшти партијата.
,,Додека земјите во регионот и Европа доживуваат ренесанса на своите економии, Македонија го фаќа чекорот со африканските држави. Ветуваа раст на економијата од 5%. Граѓаните ниту раст, ниту економија видоа. Тоне државата по сите параметри. Не можат ни до нивните 3,2% што самите си ги проектираа да стигнат. Најновата корекција на стапката за раст е 2.8% иако сите релевантни институции, ММФ и Европската банка за обнова и развој и Народната банка на РМ не им проектираат раст поголем од 2,5%. Тоа значи фрлени во ветер минимум 100 милиони евра од аспект на бруто-домашен производ за кои никој до сега нема сносено одговорност.
Кулуминацијата на оваа власт во економијата е ужасното ниво на реализицаија на капитални инвестиции, кое изнесува само 1/4 од предвиденото. Тоа е знак дека оваа ненародна влада треба во најкус можен рок да си замине од власт. Ваквото владеење на СДСМ е неиздржливо. Со секој поминат ден со СДСМ на власт државата дополнително тоне во задолжување, криминал и корупција. Колку СДСМ побргу си замине толку Македонија ќе успее да го фати вистинскиот правец”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Ружински: Рехабилитација на регионалниот пат Берово-Струмица за економски развој

Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот, вели Петар Ружински, кандидат за градоначалник на општина Берово.
„Со години тој пат е во лоша состојба, небезбеден и полн со дупки, што го отежнува патувањето и транспортот на стоки.
Во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како врвен приоритет ја поставуваме целосната рехабилитација на овој патен правец.
Тоа значи темелна обнова на подлогата, комплетно нов асфалт и нова модерна сигнализација“.
Според него, подобрата поврзаност значи побрз економски развој и поголема безбедност за сите.
„Заокружете го бројот 9 за проекти кои не поврзуваат“.
Соопштенија
Новотни: Општина Центар не смее да биде трофеј на градежните бизнис интереси

Носителот на листата на советници на „Коалицијата за зелена иднина“ во општина Центар и ко-претседател на зелената партија ДОМ, Антони Новотни, во видео-обраќање ја претстави својата визија за почесна, зелена и пристапна општина со јасни правила што важат за сите.
„Знам како изгледаат заморот и анксиозноста со кои многумина живеат во нашиот Центар — од нечист воздух и врева, до изгубени зелени површини,“ порача Новотни, нагласувајќи дека решението почнува од одговорно управување.
„Чистата општина започнува со чиста совест и правила што важат за сите“, вели Новотни.
Новотни подвлекува дека јавниот интерес мора да биде над поединечните привилегии и бизнис интереси.
„Во Центар, јавниот интерес мора да стои пред туѓите привилегии. Општината не смее да биде трофеј на градежните бизнис интереси,“ нагласува Новотни.
Како приоритети, тој ги наведе зелените и тивки јавни простори, пристапноста „од тротоари до институција“, како и транспарентна трага за секоја општинска одлука.
Говорејќи и од перспективата на лекар, Новотни ја поврза урбаната средина со јавното здравје.
„Како лекар, знам дека квалитетот на урбаното живеење влијае на здравјето. Затоа велам — зелено, чесно и заедно“, порачува Новотни, притоа истакувајќи дека ќе води локална политика што „го штити достоинството на секој човек и го враќа чувството на сигурност во секојдневниот живот.“
„Ни треба зелен, тивок и пристапен простор; ни требаат паркови пред паркинзи. Центар ќе биде општина за живеење, а не за преживување. Ако ова е и ваша мерка за политика, застанете со нас — со Коалицијата за зелена иднина“, порачува до жителите на општина Центар носителот на листата на советници на „Коалицијата за зелена иднина“, Новотни.
Соопштенија
Ливриниќ: За развојот и економијата на Бутел, ќе се изработи Детален урбанистички план за новата економска зона

Кандидатката за градоначалник на СДСМ, Оливера Ливриниќ, заедно со својот тим од листата на советници, ги посети речиси сите домови на граѓаните во населбата Живко Брајковски.
„Во Живко Брајковски мора да се прошири постојниот плоштад, но и да се создадат подобри услови за младите, како и да се реализираат неопходни инфраструктурни интервенции. Во населбата ќе се изгради Дом на културата – простор кој ќе им припаѓа на жителите, уметниците, младите и на сите што сакаат да создаваат, споделуваат и уживаат во културата. Плоштадот ќе се прошири и ќе стане вистинско место за култура, спорт и забава – за жив и динамичен Бутел. На левата страна од булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, ќе се изгради нов парк со зеленило, урбана опрема и вештачка карпа за спортско качување – нова зелена оаза и простор за рекреација на сите генерации. Со изградба на атмосферска канализација на сите краци од улицата „Хо Ши Мин“, конечно ќе се стави крај на деценискиот проблем со поплавите во овој дел на општината. А за развојот и економијата на Бутел, ќе се изработи Детален урбанистички план за новата економска зона на десната страна од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ – план што ќе отвори нови можности за инвестиции и вработување“, рече таа.