Соопштенија
Глас за Македонија со отворено писмо до пратениците пред расправата за уставни промени
Партијата Глас за Македонија испрати отворено писмо до пратениците пред почетокот на расправата за уставните измени во кое апелира на свесност, совет и поширока одговорност.
Писмото го пренесуваме интегрално:
Договорот за Северна Македонија е потпишан по еден процес на преговарање кој беше форсиран, нетранспарентен, нејасен, без поширока јавна расправа, без вклучување на целата политичка и експертска фела, со дозирани информации и финале кое е презентирано по финалето (содржината на договорот беше објавена по неговото потпишување). Самата дискусија за договорот се слеа со референдумската кампања, каде остануваат отворени многу прашања кои беа игнорирани и произволно толкувани, со кулминација на произволноста во толкувањето на самите резултати од референдумот.
Пред да пристапиме во образложување на нашите позиции кои се во контекст на зачувување на нашето уставно име, сакаме да ги нагласиме резултатите од референдумот. И покрај толкувањето дека повеќето од излезените граѓани на референдумот гласале „за“, сепак останува фактот дека тоа е само 33,738% од граѓани со право на глас. Останатите граѓани или гласале против (во мал процент) или воопшто не сакале да одговараат на таквото прашање кое ќе има последица менување на уставното име со сите идентитетски, историски, внатрешни и меѓународни консеквенци. Иако може да се дискутира за кој дел од прашањето се согласувале оние што биле „за“, како и оние што биле „против“ или не излегле на референдумот, што не им било прифатливо, фактот е дека граѓаните не се согласија за усвојување на договорот за Северна Македонија и правно (неиполнување на цензус) и политички.
Самиот договор за Северна Македонија, кој е билатерален по својот карактер, задира во нашето внатрешно уредување и бара промена на Уставот, што е директно мешање во внатрешните работи на една земја. Истиот договор бара меѓународно валоризирање и покрај фактот дека од повеќето земји сме признаени под уставното име. Договорот и импликациите од него се занимаваат, односно задираат и во прашања кои се во сферата на историјата, политикологија, социјалната филозофија, култура, филологија, психологија. Дали ги имате одговорите на сите овие прашања и дали може да ги согледате и претпоставите сите последици од неговата имплементација? Односно:
-Дали точно знаете што се ќе биде сменето во Уставот? Кога дознавте?
-Дали фундаментот- одлуката на АСНОМ за основањето на нашата држава соджана во Преамбулата, може и треба да биде заменет со повелба и договор кој е веќе имплементиран, но не е и основачки?
-Која е тежината и последицата на ваквата промена во однос на структурата на нашата држава? И дали тоа ќе е истата држава?
-Од кога бинационалноста е изедначена со граѓанскиот концепт? Нели е тоа поблиску до федерализација?
-Какви уставни и законски измени ќе следуваат?
-Дали знаете како ќе бидат именувани нашите институции? Што тоа политички-правно значи?
-Кои се политичко-идентитетските значења на промената на државјанството во однос на етносот?
-Колку ќе чини целата процедура и промена? И колку ќе трае?
-Кои ќе бидат промените во однос на историските факти? Како ќе се заштитиме од произволност и наметнувања во тој сегмент, кога веќе слушаме за произволни толкувања од другата страна?
-Зошто на веќе признаен и кодифициран јазик му се става фуснота? Кој се откажува од веќе стекнати и легитимни права?
-Како ќе се именуваат македонските дијалекти во подрачјата на другата страна, на пример?
-Што ќе бидат нашите реакции и што ќе се преземе доколку другата страна не го имплементира договорот, а ние ги усвоиме уставните промени?
-Како ќе реагираме доколку други земји не ги прифаќаат ваквите промени и се во позиција на моќ тоа да го демонстрираат со вето при влез во одредени организации и прифаќање на договорот во меѓународни организации?
-Знаете ли како ќе nè перцепираат и каква соработка со нас ќе имаат земјите кои веќе нè признале под Уставното име?
-Колку со прифаќање на ваквиот договор прекршуваме меѓународни правила и принципи, кога прифаќаме услови кои не се меѓународна норма?
-Нели ви наликува сето ова на една авантура и експеримент со непредвидлив исход, а за туѓи интереси?
-Колку од граѓаните се за влез во НАТО воопшто, но и под вакви услови?
-Колку промената на името е поврзана со реформските зафати на патот кон ЕУ? Дали тоа ни е единствениот услов и дали ни е вистински услов воопшто ваквиот пристап?
-Што значи прифаќање на ваков договор кога се потклекнува на туѓи барања во однос на нашето самочувствие и самодоверба, нешта што се поврзани со идентитетот и интегритетот?
-Го знаете ли суштинското значење на идентитет и кај субјектите и кај група, од сите аспекти (психолошки, психодинамски, биолошки, филозофски, социолошки, правно, политички)?
-Каква е вашата порака до народот кога не ја почитувате неговата волја при демонстрирање на несогласност за договорот? Кои се последиците од таквиот однос?
-Знаете ли како се чувствува и што мисли овој народ сега? Во каква состојба се наоѓа?
-Колку ќе бидат мотивирани граѓаните кои не се согласуваат со овој договор, чиј процент е голем, активно и конструктивно да партиципираат во функционирањето на оваа држава?
Дали ги имате одговорите на овие и уште многу други прашања и потпрашања во врска со самиот договор, процесот на неговото усвојување, како и неговата имплементација и сите можни последици? Нели ви кажува нешто големиот отпор за негово прифаќање? Нели ви кажува нешто самиот процес на негово прифаќање по секоја цена со целата ерозија на системот?
Посебен апел до пратениците од опозицијата кои гласаа „за“ да си одговорат каде им беа барањата за демократичност и дискусија во изминатиот период? Дали сега откако народот се изјаснил и дал свои насоки за одлуката, треба да се дискутира за договорот? Каде ви е емпатичноста и пред сè одговорноста кон овој народ? Дали да беа други околности ќе постапевте така?
Прашање до албанските пратеници: каде ви е принципиелноста кон нашето менување на името и именувањето, кога на вас самите ви пречи кое било друго обраќање освен како Албанци?
Прашање до позиционите пратеници: дали да беше носител на овој договор вашиот опонент ќе ги имавте истите размислувања и кои ќе беа вашите забелешки?
Веруваме дека меѓу вас има мислечки и длабокоумни луѓе, кои не ги потопил партискиот предзнак, кои ќе се способни дистанцирано од партиските, дневно-политичките и можните придобивки на кус рок да размислат и одговорат на овие прашања, пред да гласаат, активирајќи го целиот свој капацитет и одговорност, како личности со идентитет и интегритет.
Македонија помина и поминува низ многу премрежја, многу дилеми и конфликти. Сите констатиравме дека по осамостојувањето се направени многу грешки, но најзначајно е дека сепак опстојуваме. Нашето опстојување и како држава, и како нација, и како етноси со своја самосвесност покажува дека имаме капацитети и способности да се одржиме. Овие капацитети и способности со јасно дефинирани цели ќе ни дадат и резултат во нашиот прогрес и реформирање, во функционирање на нашите институции, во подобрување на квалитетот на нашето живеење во сите сфери. Договорот за Северна Македонија е само една дилема и само еден од можните начини во нашето движење кон поширока европска интеграција. Но овој начин не е ни единствениот, ни најдобриот, напротив отвора многу дилеми и еродира многу фундаменти. Македонија има уште отворени можности во меѓународните организации, Македонија има уште незатворени шанси во својата дипломатија да се избори за своите права по исти принципи како и другите држави.
Се надеваме дека секој пратеник поединечно ќе размисли, ќе го анализира договорот за Северна Македонија во поширок контекст и како само едно од можните решенија, а при тоа ќе постапи одговорно водејќи се од застапување на вистинските македонски национални интереси, штитејќи ги Уставот и законите на Република Македонија, не само како правна норма туку и како идентитетска норма.
Поздрав (почитта треба да ја заслужите!)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ ја објави листата на добитници на стипендии за учебната 2025/2026
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на Правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за студенти на Фармацевтскиот факултет – Скопје, според програмата за работа на Фондацијата за 2025 година и одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-46/1 од 02.12.2025 година за усвојување на конечната ранг листа на стипендисти студенти по фармација за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје врз база на предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по фармација ја објавува конечната ранг листа на стипендисти студенти по фармација за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје:
Студенти од трета година на студиска програма за магистер по фармација
1. Теа Колевска
2. Каменка Николова
3. Гала Стојановска
4. Христина Марковска
5. Марија Димитрова
6. Евгенија Ристеска
7. Стефан Трајковски
8. Мила Стојановска
9. Адела Маловска
Студенти од четврта година на студиска програма за магистер по фармација
1. Јоана Илиевска
2. Марија Трпеска
3. Андријана Коцевска
4. Ива Јуришиќ
5. Давид Додевски
6. Анастасија Димитријевиќ
7. Ангела Ѓоргиевска
8. Теона Гаџоска
9. Ангела Јованоска
10. Ана Димитриевска
11. Сара Алексовска
Конечната ранг листа на стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје е усвоена од страна на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје, по предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по фармација во состав: Проф. Др. Зоран Стерјев – Претседател на комисијата, Проф. Др. Ана Поцева Пановска, Проф. Др. Ѓоше Стефков, Г-дин Бојан Георгиев, и Г-ѓа Наташа Вучидолова Ристовска – членови на комисијата.
Извршната канцеларија на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје ќе ги контактира сите стипендисти за потпишување на Договори за стипендирање.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на Правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за студенти на Медицинскиот факултет – Скопје според програмата за работа на Фондацијата за 2025 година и одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-48/1 од 02.12.2025 година за усвојување на конечната ранг листа на стипендисти студенти по медицина за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје врз база на предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по медицина ја објавува конечната ранг листа на стипендисти студенти по медицина за учебната 2025/2026 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје:
Студенти од трета година на општа медицина
1. Наталија Николовска
2. Андреј Тодоров
3. Инес Негриеска
4. Моника Нановска
5. Борјана Трајкова
6. Емили Обочки
7. Бистра Младеновска
8. Дијана Пенова
9. Катерина Бицеска
10. Дарко Палиќ
Студенти од четврта година на општа медицина
1. Евгенија Ристова
2. Матеј Јорданоски
3. Славјана Иваноска
4. Софија Тодороска
5. Даниел Зарев
6. Борис Фенев
7. Денис Новчевиќ
8. Петар Стефановски
9. Карла Карина Арнаудова
10. Михаела Слезенковска
Конечната ранг листа на стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје е усвоена од страна на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје, по предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по медицина во состав: Проф. Др. Светозар Антовиќ – Претседател на комисијата, Проф. Др. Јулија Живадиновиќ Богдановскa, Проф. Др. Димче Зафиров, Доц. Др. Васил Папестиев, Г-ѓа Надица Танчева и Г-ѓа Наташа Вучидолова Ристовска – членови на комисијата.
Извршната канцеларија на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје ќе ги контактира сите стипендисти за потпишување на Договори за стипендирање.
(ПР)
Соопштенија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2025/2026
Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата и на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.
За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје. И оваа година Фондацијата ќе додели еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда се Исидора Давитковска од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,77) и Јована Цветановска од Медицинскиот факултет (со просек 9,98), стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

„Во време кога вештачката интелигенција станува неизбежен дел од секојдневието, важноста на човечкиот фактор, а особено на квалитетното образование, станува пресудна. Затоа, образованието не смее да се сведе само на стекнување технички вештини, туку треба да мотивира, да поттикнува критичко размислување, креативност и способност за решавање комплексни проблеми. Во вакви специфични времиња исполнети со огромни предизвици, особено за младите, вистинска чест е да се биде дел од континуирана позитивна приказна на едукација, научна посветеност и врвни резултати во сферата на здравството и фармацијата. Благодарение на високата селективност при ангажирањето стручен кадар и на континуираните вложувања во развој и едукација, денес ’Алкалоид’ конкурентно и достоинствено се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и Генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.


Во осумнаесет години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 739 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 151 милион денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација.
Oд ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и се пресметува линеарно на постојните и на новите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите.
(ПР)
Соопштенија
„Минт инс“ и Болницата „Плодност“ со нова заедничка иницијатива: подарок за секое новороденче и сигурен почеток на иднината
Во време кога секое семејство бара сигурност и стабилност на свој начин, Минт Инс ја претставува својата најнова иницијатива посветена на најмалите и највредни членови на семејствата. Во партнерство со Болницата „Плодност“, компанијата им посветува посебно внимание на моментите кога започнува најважното животно патување: родителството.

Со секое новороденче во „Плодност“, Минт Инс ќе подари меко и квалитетно бебешко бањарче, создадено за првите топли и безгрижни семејни мигови. Но вистинската вредност доаѓа со можноста што следува: детско штедно осигурување кое обезбедува стабилен финансиски почеток.
Како дополнителна поддршка, компанијата овозможува и бонус од 12.000 денари за секое семејство што ќе се одлучи за ова осигурување, како иницијален чекор кон иднината на детето.


„Родителството е најголемата радост, но и најголемата одговорност. Веруваме дека секое дете заслужува сигурен почеток, а секое семејство поддршка во првите чекори. Нашата иницијатива е мал, но искрен придонес кон тоа,“ велат од Минт Инс.
Партнерството со „Плодност“ претставува продолжување на стремежот на компанијата да биде присутна таму каде што се создава нов живот и нови почетоци. Оваа програма ја нагласува визијата на Минт Инс: да стои зад секоја важна животна одлука, уште од првиот ден.


Повеќе информации за детското штедно осигурување и бонус-пакетот се достапни во сите претставништва на Минт Инс и на официјалната веб-страница.
(ПР)

