Регион
Хрватка осудена на 10 години затвор, го избола партнерот пред очите на децата

Хрватка е осудена на 10 години затвор, поради убиство на нејзиниот невенчан сопруг. Дваесет и осумгодишната Слаѓана Бркиќ, била во поодмината бременост кога го избодела до смрт својот партнер, 46-годишниот Дејан Сливар пред очите на неговите деца. По приведувањето таа се породи во затворската болница и единствена жена која што родила бебе во притвор во Хрватска.
Пресудата е донесена денеска од страна на советот на окружниот суд во Вараждин. Според судот, таа со нож долг 16 сантиметри двапати го избола во градите својот партнер, кој искрварил до смрт. Оваа ужасна сцена се одвивала пред очите н децата на Дејан од неговиот прв брак. 14-годишниот син на Дејан се обидувал да го спаси својот татко и да го сопре неговото крварење. Но не успеал. Татко му починал на неговите раце.
Ужасното убиство го видела и неговата ќерка, која е петто одделение. Другата ќерка, која е прва година во средно училиште, во тој момент не била дома.
Убиството се случило на 15 февруари во нивната семејна куќа кај Копривница. Покрај затроската казна, на Слаѓана и е изречена и мерка за задолжително психијатриско лекување.
Бебето кое што го роди во притвор е згрижено од страна на Центарот за социјална работа, додека грижата за децата на Дејан ја преземал неговиот брат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин