Контакт

Македонија

Николовски: Проектот „Функционална анализа на МЗШВ“ ќе значи навремени и квалитетни услуги за земјоделците

Објавено пред

Денеска официјално почна проектот „Функционална анализа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, кој е финансиран од Европската Унија, а ќе биде спроведен од Светска банка, соопштија од Министерството.

dobivaj vesti na viber

На работниот состанок денеска, на кој присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, претставникот на Делегацијата на Европска Унија, Никола Бертолини, директорот за Македонија и Косово на Светска банка, Марко Мантованели, како и претставникот на Светска банка за земјоделство, Силвија Маури, беа презентирани сите активности околу проектот, начинот на кој ќе спроведува и што ќе бидат крајните придобивки.

За време на состанокот министерот Николовски посочи дека се работи за исклучително важен проект чијашто цел е зајакнување на капацитетите на МЗШВ, создавање квалитетна администрација и соработка меѓу институциите, што крајно ќе значи навремени и квалитетни услуги за земјоделците и за сите граѓани.

„На Република Македонија ѝ претстои сериозен период на развој, период во којшто нашите политики како држава се насочени кон забрзување на евроинтеграцискиот процес. Како министерство, континуирано работиме на прилагодување на земјоделскиот сектор кон европските стандарди. Спроведувањето на овој проект ќе придонесе за зајакнувањето на капацитетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се создаде квалитетна администрација и соработка меѓу институциите“, посочи Николовски.

Претставникот на Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини, потенцираше дека функционалната анализа е почетна точка за да се анализира дали стручните вработени лица се распределни на соодветни места и дали можат да ги дадат соодвeтни резултати. При тоа Бертолини посочи дека ефикасното спроведување на анализата е важно и за претпристапниот период на земјата во Европската унија.

Според директорот за Македонија и Косово на Светска банка, Марко Мантованели, земјоделството е важен сектор за нашата земја и од аспект на вработувања и од аспект на учество во бруто-домашниот производ и има можност да биде вистински двигател на економскиот раст. Затоа, како што посочи Мантованели, заедно со ЕУ ќе дадат препораки како министерството да ги направи своите политики и услуги поефикасни, за земјоделството како двигател да биде поефикасно.

Залагањето на Европската комисија за пристапување во ЕУ до 2025 година значи дека функционалноста и работните процеси на МЗШВ треба да бидат ревидирани и соодветно подобрени. Европската Унија за оваа намена има издвоено 500 000 евра, а функционалната анализа се предвидува да заврши до јули 2019 година. Нејзина цел е да ги дефинира клучните показатели кои влијаат во унапредувањето или ја намалуваат ефективноста и ефикасноста на земјоделството и руралниот сектор. Проектот опфаќа анализа на повеќе сегменти на работењето на МЗШВ, односни три структурни активности: формулирање и управување со политики и стратегии, oрганизациска ефективност и управување со ресурси, се наведува во соопштението на Министерството.

 

Македонија

Сиљановска-Давкова: Празникот да ни донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот

Објавено пред

Од

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до православните верници.

dobivaj vesti na viber

„Почитуван г. г. Стефан, Чест и задоволство ми е Вам, лично, и на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Посакувам празникот да ни донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот.

Верувам дека осветувањето на македонските води ќе ни помогне да ги надраснеме малодушноста и летаргијата, и ќе нè инспирира на добродетелство и на грижа за блиските и за заедницата.

Само со благост, внимание, солидарност и емпатија можеме да го разбудиме божественото во себе, покажувајќи ја вистинската човекова природа.

Свесни дека човештвото е соочено со длабока криза и со тешки искушенија, мора да почнеме да се менуваме себеси, ако сакаме да го промениме општеството. Само морални и мудри индивидуи создаваат силни заедници чии напредок и благосостојба никогаш не се на сметка на туѓата болка и страдање.

Да се радуваме што постоиме, да го цениме и да го почитуваме она што го имаме, материјалните и духовните богатства да ги споделиме со другите. Сплотени да се обидеме да придонесеме за среќна и пристојна сегашност, и благословена и просперитетна иднина.

Бог се јави!“, пишува во честитката на Гордана Сиљановска-Давкова.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Од

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска држава, а јавното обвинителство и институциите молчеле и им биле во служба, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Во времето на СДС, институциите на државата не служеа на граѓаните, туку на задоволување на бизнис апетитите на Зоран Заев и Венко Филипче. Заев и Филипче, ја користеле целата политичка и институционална моќ, за да вршат директен притисок врз др. Митрев со цел неговата приватна клиника да биде преземена по багателна цена. Дека тандемот Заев- Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев посведочи самиот тој во интервју на телевизија. Во период кога против др. Митрев се водел судски процес, а биле блокирани неговите лични средства и сметките на болницата, во исто време му наметнале и забрана за располагање со удели. Но, по интересот за откуп на болницата од страна на Заев како тогашен премиер и Филипче како министер, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, брзината и тајмингот јасно укажуваат на политичко влијание и директна злоупотреба на обвинителството од страна на тогашната власт на Заев и Филипче.

Институциите наместо да постапуваат непристрасно, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тие од страна на Заев и Филипче биле користени како средство за притисок и принуда.

„Најскандалозно од се е тврдењето дека на др. Митрев му била понудена спогодба, продажба на клиниката по цена под пазарната вредност, во замена за олеснување или ослободување од обвиненија. Ова е доказ за груба злоупотреба и тргување со правдата од страна на Заев и Филипче. Ова е вистинска слика за СДС и нивното владеење, за Заев и Филипче. Рекет, принуда, притисок, тендери во четири очи, проценти, тоа се начините на делување на кланот Заеви и нивниот спотер што ја чува фотелјата на Бихачка, Филипче. ЈО да постапи и да ги испита сите наводи, без заштита и без калкулации. Доста е од неказнивост. Време е Заев и Филипче да одговараат за секоја злоупотреба, секој притисок и секој криминал што го направија додека ја држеа државата како личен имот. Македонија мора да расчисти во ваквите криминални практики. Законот мора да важи за сите особено за оние кои мислат дека се недопирливи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје за Водици

Објавено пред

Од

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје поради празникот Водици.

dobivaj vesti na viber

Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.

Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.

СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска...

Свет33 минути

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од...

Топ47 минути

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел...

Свет50 минути

(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од...

Македонија1 час

Денеска се празнува Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,...

Македонија15 часа

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет17 часа

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...

Македонија18 часа

Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и...

Македонија19 часа

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ20 часа

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија21 час

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...

Македонија1 ден

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција...

Свет1 ден

(Видео) Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните...

Свет1 ден

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија2 дена

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија2 дена

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ2 дена

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија2 дена

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет2 дена

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...