Забава
Прошталното писмо на Шарл Бодлер продадено на аукција за 234 000 евра
Прошталното писмо на францускиот поет Шарл Бодлер, во кое најавува самоубиство, беше продадено на аукција за 234 000 евра, што е трипати повеќе од очекуваната цена, беше објавено на интернет-страницата на француската аукциска куќа „Осенат“.
Писмото што го напишал на 30 јуни 1845 година било адресирано до неговата љубовница Жан Дувал.
Тогаш имал 24 години. Самоубиството се обидел да го изврши истиот ден, но не успеал во тоа.
Во писмото, Бодлер ѝ пишува на Жан дека сака да си го одземе животот. „Во моментот кога ќе го прочитате ова писмо, нема повеќе да бидам таму”, вели тој во прошталната порака.
„Се решив на овој чекор бидејќи веќе не можам да живеам ниту да го поднесам животниот товар… секојдневното одење на спиење и повторно будење“.
Поетот, кој цел живот имал финансиски тешкотии откако го потрошил наследството на семејството, си забодел нож во градите, но добил помали повреди и преживеал.
По тоа, тој живееше уште 22 години, пишувајќи бројни ремек-дела на француската поезија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Никол Кидман блесна во божествена креација на Мет Гала: 800 часа работа се потрошени само за рачно везење
Мет Гала 2024 се одржа во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк, а овогодинешната тема беше „Заспаните убавици: повторното будење на модата“.
Гостите мораа да се придржуваат до кодексот на облекување наречен „Градината на времето“, чија тема е именувана по приказната за еден гроф кој, за да ја одбрани лутата толпа што се приближува до неговиот замок, сече роза од неговата градина за да го забави времето додека не остане ниту еден цвет.
Дамите беа доста креативни во изборот на стајлинг, а една од најзабележителните беше актерката Никол Кидман која блесна во црно-бела креација. Овој фустан е омаж на креација од пролетната колекција на Баленсијага од 1951 година.
View this post on Instagram
Во тоа време славната Доријан Ли носеше необичен црно-бел фустан, а фотографијата што тогаш ја направи Ричард Аведон стана легендарна. Кидман изјави дека и самата сакала да соработува со овој фотограф, но „не успеале да се вклопат“.
Според Vogue, фустанот што го носела Никол Кидман барал 800 часа за рачен вез и внимателно шиење на 3.000 пердуви на 150 метри свила. Дополнително, во ателјето биле потрошени уште 400 часа за да се спојат двете одделни парчиња во едноделен фустан.
View this post on Instagram
„Фустанот претставува природен момент од целосниот круг на времето – тоа е прослава на делото на Ричард што ќе живее, но и почит на уметничката визија на Баленсијага која продолжува беспрекорно да ја комбинира илузијата на минатото, сегашноста и иднината“, изјави актерката.
Забава
(Видео) Ирска со сатанистички обред на Евровизија: „Јас сум посебна оти сум квир и вештерка“
Ирската претставничка го привлече вниманието и згрози дел од јавноста со сатанистички настап на годинешното издание на Евровизија.
Ирската претставничка Bambie Thug се пласира во финалето, а на прес-конференцијата разговараше со новинарите и беше прашана што ја прави посебна.
„Тоа што сум квир и вештерка ме прави посебна“, изјавила Бамби.
Забава
(Видео) Финецот излезе од јајце со гол задник на Евровизија
Финецот Windows95Man на сцената на Евровизија излезе од јајце и настапи со гол задник.
На себе носеше само танга во боја на кожа.
Во продолжение неговиот настап.