Контакт

Македонија

(Видео) Почна кампањата „И родителството се учи“ за поддршка на родителите

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство и Министерството за образование и наука, заедно со Европската Унија и Уницеф, денеска почнаа кампања насловена како „И родителството се учи“, соопштија од Владата, од каде додаваат дека кампањата има за цел да го сврти вниманието кон потребата родителите да се поддржат во подигање самоуверени, учтиви и успешни деца.

dobivaj vesti na viber

„Родителството не е секогаш лесно. Љубовта доаѓа природно, но сите докази ни кажуваат дека успешното родителство се учи“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

„Со оваа кампања сакаме сите членови на општеството да соработуваат за да им се помогне на родителите да станат свесни за потребата да научат родителски вештини кои докажано имаат позитивен ефект врз емотивниот, социјалниот и интелектуалниот развој, врз јазикот, како и врз физичкиот развој кај детето“, додаде Царовска во својата изјава.

Најновите сознанија во науката покажуваат дека во првите години од животот човечкиот мозок се развива со брзина која никогаш потоа нема да се повтори. Секое поединечно искуство на детето влијае врз развојот на мозокот и го обликува начинот на кој тоа размислува, чувствува, се однесува и учи во текот на животот. Кампањата „И родителството се учи“, велат од Владата, отвора дискусија за овие теми, и за емотивното приврзување, градењето на карактерот, родителските стилови и ефектите од негативните искуства и стресот врз детскиот развој.

„Кај децата кои доживуваат негативни искуства во раното детство постои поголема веројатност да имаат сериозни здравствени проблеми како возрасни, па поддршката на родителите не е само прашање на заштита и едукација туку е и прашање на јавното здравство“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Филипче во својата изјава истакна и дека патронажните сестри, педијатрите и семејните лекари се во единствена позиција да им пружат поддршка на родителите и да ги посоветуваат не само за физичкиот развој туку и за емотивно-когнитивиот развој, затоа што и тие влијаат врз физичкото и менталното здравје на децата.

Истражувањето поддржано од Уницеф покажува дека иако повеќето родители се свесни за штетните последици од користењето насилство при воспитување на децата, тоа не е одразено во праксата. Општествените очекувања за казнување, слабата самоделотворност и немањето пристап до информации за позитивното родителство и детскиот развој се главните причини за продолжување на насилната практика, велат во соопштението од Владата и посочуваат дека кампањата ќе се осврне кон овој недостаток давајќи им на родителите ресурси за позитивно родителство.

„Повеќето родители знаат дека тие се најважните учители на своите деца, но постои тенденција да се верува дека на децата треба да ‘им се одржи лекција’ за да научат. Преку програмите за родителство што постојат во училиштата, и образовниот систем, исто така, е посветен на обезбедување помош за родителите да научат позитивни родителски вештини“, рече Арбер Адеми, министер за образование и наука.

„Ова за нас е важна стратегија за подобрување на резултатите од учењето кај учениците и за да одговориме на појавата на насилство меѓу децата во и околу училиштата“, додава Адеми.

Поддршката за родителите да подигаат среќни, здрави и паметни деца е прашање на заштита на правата на децата да растат во заштитена семејна средина исполнета со љубов и разбирање, и придонесува кон развојот на човечкиот капитал, просперитетот и безбедноста во земјата.

„Кампањата ‘И родителството се учи’ е за кревање на свеста на родителите и на поширокото општество за негативните ефекти кои насилството, злоупотребата и запоставувањето ги имаат врз развојот на децата. Кампањата исто така обезбедува информации и подигање на свесноста за позитивно родителстов и пристапи и техники во подигањето на децата. На примарната одговорност во развирањето и почитувањето на детските права е пред сè кај родителите. Честопати, поради секојдневниот семеен притисок, социјалните проблеми и емоционалната напнатост, децата се тие што страдаат најмогу од насилство во семејството“, рече Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија.

Ниедно дете не трба да расте во страв, посочи претставникот на Уницеф, Бенџамин Перкс, кој додаде дека стравот го ограничува и потенцијал за развој кај децата. „Кога целото општество им помага на родителите да израснат деца со здрава приврзаност, деца кои добиваат поттик во својот развој, деца кои веруваат во себе, кои се истрајни, емпатични, знаат како да се справат со разочарувањата, и кои учат и откриваат нови нешта – тогаш ние создаваме животен циклус на лична човечка поврзаност и просперитет, како и понапредни, посилни, поуспешни и побезбедни општества“, изјави Перкс.

Кампањата „И родителството се учи“ е дел од поширокиот напор поддржан од Уницеф за зајакнување на услугите и програмите за поддршка на родителите, и се спроведува како дел од регионалниот проект на Уницеф финансиран од ЕУ „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост на Западен Балкан и во Турција“, соопштуваат од Владата.

Македонија

Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:

dobivaj vesti na viber

· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)

· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)

Прикажи повеќе...

Македонија

Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.

dobivaj vesti na viber

Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.

Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер

Објавено пред

Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Времето во наредните денови

Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет40 минути

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет46 минути

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет49 минути

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија9 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет15 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион16 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија18 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет20 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија21 час

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија23 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет2 дена

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија2 дена

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија2 дена

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...