Македонија
Адвокатите кои не се појавија на „Шлаканиците во Центар“ казнети со по илјада евра

Претседателот на судечкиот совет што го води случајот „Насилство во Центар“, Душан Јосифов, ги казни со илјада евра адвокатите на обвинетите кои не дојдоа на денешното рочиште за шлаканиците во центар, поради обврски на други судења во кривичниот суд.
На следното рочиште исказ ќе дава сведок кој бил присутен на настаните.
За насилствата пред општинската зграда во општина Центар на 10 јуни 2013 година обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелната пратеничка во Собранието Даниела Рангелова и тогашниот советник во општина Гази Баба Александар Трајковски.
На минатото рочиште за „Насилство во Центар“ исказ пред судот даде поранешниот директор на ПОЦ и актуелен градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и појава на грмежи.
Македонија
Без струја дел од општина Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Видое Смилевски Бато, делот кај што се вкрстува Февруарски Поход спроти Рамстор Ново Лисиче, во општина Аеродром.
Македонија
Крадци корнат бисти од гробишта – по Бутел, бронзена биста украдена и во Ѓорче

Нов случај со кражба на бронзена биста од гробишта бил регистриран во полицијата во текот на вчерашниот ден.
Скопјанка пријавила попладнето дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста.
Само два дена претходно, истото се случи и на гробиштата во Бутел. Тогаш од МВР информираа дека со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти.
„Макфакс“ претходно објави и дека во текот на минатата седмица беше откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје. Украден е релјефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, отстранети се и бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите.