Забава
Том Круз ја повтори легендарната сцена од „Топ ган”

Холивудскиот актер Том Круз (56), по 32 години, повторно ја облече познатата маслиново-зелена јакна, стави очила и седна на мотоциклот, исто како во филмот „Топ ган“, кој ја обележи неговата кариера.
Станува збор за снимањето на продолжението на овој познат филм кое започна на 30 мај оваа година, а Том ги сними сцените на мотоцикл низ улиците на Лос Анџелес, каде што друштво во легендарната сцена на мотоцикл му правеше колешката Џенифер Конели, која има чест да ја игра Мавериковата љубов Чарли, наместо Кели Мекгилис.
Дефинитивно, Том Круз во ова издание не изгледа стар, а покрај него, во филмот ќе има и други познати лица од првиот дел, како што се Вал Килмер, Глен Пауел, Џон Хем, Ед Херис и многу други.
#Day1 pic.twitter.com/7jjPL277Es
— Tom Cruise (@TomCruise) May 31, 2018
Продолжувањето на филмот со наслов „Топ ган: Маверик” треба да почне да се прикажува во кината во 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Турист седна на столот „Ван Гог“ направен од кристали Сваровски и го скрши

Турист беше снимен на надзорна камера како седи на изложбен стол обложен со кристали наречен „Ван Гог“ во италијанска уметничка галерија, пред столот да се сруши под него.
Столот, именуван по познатиот холандски сликар, се наоѓа во Палацо Мафеи во Верона и е покриен со стотици кристали Сваровски. Тоа е дело на италијанскиот уметник Никола Боле и е опишан од локалните медиуми како „исклучително кревко и деликатно“ дело. Сепак, се чини дека туристот, додека ја разгледувал на изложбата, ја искористил можноста да фотографира во време кога немало обезбедување, без никакво внимание на состојбата на уметничкото дело.
Шокантните снимки прикажуваат маж и жена како позираат покрај впечатливиот стол во инаку празната просторија. Додека мажот ја фотографира жената, таа се наведнува пред столот за да изгледа како да седи на него на сликата. Но, мажот отишол чекор понатаму – може да се види како лебди над делото, а потоа седи на столот.
Столот веднаш се наведнува назад, се потпира на ѕидот и останува наведнат, додека двојката паничи и ја напушта просторијата. Музејот објави соопштение на социјалните мрежи по инцидентот, нарекувајќи ја ситуацијата „кошмар“.
„Кошмарот на секој музеј стана реалност, дури и во Палацо Мафеи. Додека чекаа да излезат супервизорите, некои посетители направија ‘интерактивна’ фотографија. Резултатот? Неодговорниот чин предизвика сериозна штета на столот ‘Ван Гог’ на Николас Боле, многу деликатно парче, целосно покриено со стотици кристали Сваровски“, рекоа тие.
Еден од низата инциденти
Музејот беше во криза со денови бидејќи се прашуваа дали ќе можат да ја поправат штетата, со оглед на нејзината големина. Друго видео од инцидентот покажува човек како се потпира со грбот на ѕидот додека столот се наведнува под него. Но, благодарение на реставраторите кои направија фантастична работа и италијанската полиција која им помогна во напорите, музејот објави дека „уметничкото дело повторно сјае“.
„Ја споделуваме оваа приказна не само од информативни причини, туку и за да започнеме вистинска кампања за подигање на свеста за вредноста на уметноста и почитта што ја заслужува. Искрена благодарност до полицијата, нашето обезбедување и реставраторите, чија драгоцена работа го овозможи враќањето на делото. И посебна благодарност до сите вас кои секојдневно шетате низ музејските сали со грижа, претпазливост и восхит. Бидејќи уметноста не е само за гледање. Таа треба да се сака. И да боде заштитена“, додадоа тие.
Овој инцидент е само еден во низата примери за несоодветно однесување на туристите при посета на историски и прекрасни дестинации во Италија. Без разлика дали станува збор за сквернавење на антички споменици или создавање јавна непријатност, многумина веќе се казнети за своите постапки и се соочија со гневот на италијанските власти.
Забава
Мајли Сајрус: Со години правеа мемиња од мене, кога облекувам костим за капење се сеќавам на тоа

Мајли Сајрус откри дека Интернетот одамна ја принудил да не оди на плажа во бикини. Во новото интервју пејачката зборуваше за тоа како со години ја следат мемиња кои го исмеваат нејзиниот изглед и дека тие слики сè уште и се појавуваат во главата секогаш кога ќе се погледне во огледалото во бањата.
„Во 2013 година луѓето ме ставаа во мемиња каде што ми ја лепеа главата на секакви грди тела“, се присетува Мајли. „И денес кога ќе го облечам костимот за капење се сеќавам на тие слики“. Затоа, вели, избегнува бикини. „Носам многу пристојни костими. Девојките со кои бев на патувањето сите имаа танга, а јас бев во шорцеви и широка маица. Буквално изгледав како баба”.
Сајрус призна дека никогаш целосно не ги преболела своите несигурности поради начинот на кој јавно ја исмевале. „Сè уште ме прогонуваат тие стари мемиња. Тие сè уште се во мене“.
Забава
Џеф Безос и Лорен Санчез вечераа во познат ресторан на Хвар: „Не можеме да ви кажеме што јаделе“

Џеф Безос и Лорен Санчез го посетија ресторанот „Код барба Луке“, кој се наоѓа во Стари Град на островот Хвар.
„Гостите беа задоволни од вечерата и воодушевени од Стари Град. Не можеме да ви кажеме што јаделе. Всушност, тие се многу фини луѓе“, изјави сопственичката на ресторанот, Катарина Роиќ-Скелин, за хрватски „Вечерњи лист“.
Таа додаде дека персоналот на ресторанот им служел на Безос и на другите гости со еднаква посветеност.