Забава
И Ријана му забрани на Трамп да ја користи нејзината музика

Светската музичка ѕвезда Ријана се најде на листата музичари кои не му дозволуваат на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја користи нивната музика на политичките собири.
Ријана на нејзиниот твитер-профил му одговори на уредникот на „Вашингтон пост“, Филип Рикер, кој напиша дека Трамп на неговите собири ја пушта нејзината песна Don’t stop the music.
Not for much longer…me nor my people would ever be at or around one of those tragic rallies, so thanks for the heads up philip! https://t.co/dRgRi06GrJ
— Rihanna (@rihanna) November 5, 2018
„Не за долго. Јас и мојот народ никогаш не сме биле на еден од овие трагични собири, благодарам на поддршката Филип“, напиша Ријана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Најзгодниот осуденик се откажа од жени: „Вистинска штета“

Човекот кој стекна светска слава и титулата „најзгоден осуденик“ призна дека доброволно бил во целибат во последните неколку години.
Сега, на 42-годишна возраст, неговите приоритети се променија. За време на премиерата на филмот „Dutch III: International Gangster“ ова лето, Џереми Микс откри дека е во целибат речиси три години.
Тој сака да се фокусира на себе
Кога еден новинар го праша што најмногу го возбудува, човекот кратко одговори: „Немам девојка. Во целибат сум речиси три години“. Додаде дека „работи на себе и не сакам никој да му пречи“.
Откако јавноста дозна за неговата одлука да биде во целибат, социјалните медиуми беа преполни со коментари. „Браво за него. Тоа е голема самоконтрола, особено кога си згоден“, напиша едно лице.
Други ја пофалија неговата промена на животниот стил, додека некои беа цинични: „Овие момци трчаат по улиците со години, потоа се заморуваат и сакаат да промовираат самец и да бидат учители“.
Бракот заврши поради афера
Џереми се разведе од сопругата Мелиса Микс во 2018 година по десет години брак. Двојката има син заедно, а нивната врска беше осудена на пропаст поради неговата афера со британската наследничка Клое Грин, која го роди неговиот син истата година.
Иако во 2024 година потврди дека е слободен, тој успеа да изгради добри односи и со поранешната сопруга и со Грин.
„Сите заедно одгледуваме деца. Тие се неверојатни мајки“, рече тој.
Светска слава по затворот
Сè започна во 2014 година, кога полициска станица во Стоктон, Калифорнија, објави негова фотографија на Фејсбук откако беше уапсен.
Неговите сини очи и изразени црти веднаш го привлекоа вниманието на јавноста, и додека се соочуваше со обвиненија за поседување оружје и членство во банда, тој доби мал број женски обожаватели низ целиот свет. Малкумина можеа да претпостават во тоа време дека фотографијата ќе му ја отвори вратата кон славата.
По излегувањето од затвор, Микс влезе во светот на модата, каде што прошета за големи брендови. Тој исто така доби договор во модната индустрија и можност да го лансира својот бренд.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Славната манекенка низ солзи: „Светот беше суров кон мене“

Со брзото приближување на годишната модна ревија на „Викторија сикрет“, моделот Џиџи Хадид се сети на својот прв ангажман со брендот за долна облека пред точно 10 години.
Во видео објавено на Инстаграм на брендот, 30-годишната манекенка зборуваше за „сонот што стана реалност“ кога доби место на модната писта во 2015 година.
Емоционална за критиките во индустријата
Џиџи стана емотивна и речиси се расплака додека раскажуваше како се справувала со критиките во светот на модата на почетокот на нејзината кариера.
„Многу сум среќна за неа“, рече Џиџи, осврнувајќи се на помладата верзија од себе. „Тоа е она што навистина го сакаше. Гледам на фотографиите од тоа време и светот беше толку суров кон неа – и не само кон неа, беше тежок кон сите девојки.“
Горда на своето патување
„Беше одлично време. Заслужував да бидам таму и ќе продолжам да се враќам на таа ревија. Многу сум среќна за таа девојка што ја доби својата прва ревија, и за мене како тинејџерка што ја гледав таа ревија“, продолжи Џиџи.
Моделот ќе прошета на овогодинешната модна ревија, која ќе се одржи на 15 октомври.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Дуа Липа не остава ништо на имагинацијата: повторно го „заборави“ градникот

Пејачката Дуа Липа редовно привлекува внимание кон себе. Понекогаш фокусот е на нејзината турнеја, потоа провокативни модни изданија и кореографија, а понекогаш и објави на социјалните мрежи.
Летото заврши, па Дуа повеќе не позира во бикини, но тоа не значи дека ги запоставила своите обожаватели.
Во една од нејзините најнови објави, пејачката позира во блескав топ кој изгледа како да е направен од кристали и наликува на вистинска диско топка.
Под него не носеше ништо, со што уште еднаш покажа дека навистина ѝ се допаѓа „голиот тренд“.
Црни панталони и металик сенка за очи надополнија сè, а меѓу фотографиите имаше и една со нејзиниот вереник Калум Тарнер.
„Голиот тренд“ е популарен веќе долго време и бројни познати убавици повторно го прифатија, а самата Дуа Липа веќе неколку пати носеше вакви транспарентни чипкани фустани со кои остави без здив.
фото: принтскрин