Забава
Папараците открија кој член од кралското семејство им е омилен

Членовите на кралското семејство се меѓу најфотографираните луѓе во светот, при што на секој настан на кој ќе се појават ги демнат стотици фотографи за да ги фатат во совршен кадар.
„Ванити фер“ разговараше со фотографите кои тврдат дека Вилијам и Кејт намерно не сакаат да гледаат во „фиксираната точка” на која фотографите се собираат, а еден извор поради тоа ги нарекува „контрол фрикови”.
Овој трик, по сè изгледа, го имаат прифатено и принцот Хари и Меган Маркл. Имајќи предвид што ѝ се случи на принцезата Дијана, не е ни чудно. За тогаш 36-годишната принцеза сè уште се зборува дека бегала од папараците кога загина во сообраќајната несреќа во 1997 година.
Фотографите открија кој член од кралското семејство им прираснал за срцето. Иако го опишаа Чарлс како „многу поопуштен” од неговите деца, неговата сопруга Камила е таа што ги освои нивните срца.
„Ја обожаваме, таа е прекрасна жена”, рече фотографот на „Сан“, Артур Едвардс. „Таа е секогаш насмеана и никогаш не е мрзоволна”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Безос ја продаде својата вила во Вашингтон: го собори рекордот за најскап имот

Џеф Безос, сопственик на Blue Origin и основач на Amazon, стана побогат за 63 милиони долари. Тој ја продаде својата луксузна вила во Хантс Поинт, Вашингтон, соборувајќи државен рекорд.
Продажбата на палатата на Безос стана најскапиот станбен имот во историјата на државата Вашингтон. Како што пишува Washingtonian, рекордот го држела медитеранска вила во која престојувале повеќе од 12 шведски амбасадори, со 17,3 милиони долари.
Безос ја купи гореспоменатата вила во 2019 година по разводот со новинарката Мекензи Скот. За тоа платил 37,5 милиони долари, што значи дека од продажбата остварил профит од над 25 милиони долари. Вилата се простира на повеќе од 3 хектари и има три спални соби, четири бањи, лифт, тераса на покривот и стаклен мост што ја поврзува со гостинската куќа.
Забава
(Фото/Видео) Џенифер Лопез блескаше во розевиот комбинезон во боксот на Ферари

Џенифер Лопез со нови фотографии на Инстаграм предизвика лавина реакции. Пејачката присуствуваше на трката за ГН на Формула 1 во Саудиска Арабија, а обожавателите беа особено импресионирани од нејзината облека.
Лопез за оваа пригода избра тесен розов комбинезон од латекс, кој ја истакна нејзината фигура. „Донесуваме малку сјај во Ф1“, напиша таа покрај фотографиите кои за само неколку часа им се допаднаа на речиси 800.000 луѓе.
„Латина Барби“, „Како да си ја измислила розовата боја“, „Ф1 Барби“, „Еве ја мојата Барби кралица“, „Никој не може да ти парира“, „Изгледаш апсолутно прекрасно“, „Оваа жена е спектакуларна“, „Веќе победи во трката“, „Ние ја сакаме Џеј Ло Барби“, „Опседната сум со овој изглед“, „Ова е совршенство“, се само дел од коментарите.
Забава
(Видео) Снимка од настап на Лејди Гага стана вирална, микрофонот и се расипа среде песна: „Барем знаете дека пеам во живо!“

Лејди Гага доживеа незгода за време на нејзиниот настап на вториот викенд на фестивалот Коачела. Среде изведување на песната Абракадабра, на пејачката и се расипа микрофонот, но таа продолжи да пее.
Некој од публиката објави видео од незгодата на Икс. На видеото Гага им се обрати на присутните коментирајќи го инцидентот. „Простете ми што накратко ми се расипа микрофонот… Барем знаете дека пеам во живо!“, се пошегува таа.