Македонија
Апасиев: Рашковски побарал од МОН да го „чешла“ моето досие

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, побарал од Министерството за образование и наука да го „чешла“ моето досие за тоа како сум докторирал на УКИМ и како сум се вработил на УГД, напиша Димитар Апасиев на својот фејсбук-профил.
„Случајот ‘Апасиев’: Генералниот секретаријат на Влада на Република Македонија – иако ненадлежен – испратил барање до Министерството за образование и наука, преку Државниот просветен инспекторат, да се ‘чешла’ моето досие за тоа како сум докторирал на УКИМ и како сум се вработил на УГД. Се постапувало по анонимна претставка, што е изрично забрането со дури осум закони и подзаконски правни акти и за што некој дебело ќе го крка. Ете како оваа тоталитарна власт се справува со своите политички неистомисленици! Па ова и Грујо не го правеше бе, социјал-‘демократи’. п.с. Баш би сакал да го чујам мислењето на владиниот портпарол, на поранешната министерка и на актуелниот заменик-министер за образование за ‘неприкосновената автономија на Универзитетотот’ #ПоздравПленумци“, напиша Апасиев.
Во барањето што го објави Апасиев, се наведува дека група студенти од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип ја поднеле претставката со која е побарано да добијат точни информации како Апасиев се стекнал со титулата доктор на науки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.