Македонија
Студентите преку митинг ќе бараат да се воведе едукација за препознавање на лажни вести и пропаганда
Студентски митинг под мотото „Не биди медиумска мета“ ќе се одржи денеска (7 ноември) со почеток од 11 часот на платото на УКИМ, во рамки на одбележувањето на европската недела на медиумска писменост.
На овој настан ќе говорат студентите. Пораките ќе бидат: „не биди мета“, „јас имам свој идентитет“, „доста со дезинформации“, „доста со манипулации“, „јас не сум вмрежен“, „студентите се авангарда“…
Ќе бидат испратат пораки против пропагандата, агресивното потрошувачко општество, отуѓувањето, рекламното тероризирање, жртвите на видеоигрите, лажните вести, агресивниот маркетинг, медиумскиот хаос во земјата итн.
Настанот е во рамките на проектот „Не биди медиумска мета“ во имплементација на Македонскиот институт за европски студии (МИЕС), кој е дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“, спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ – Центар за европски стратегии, а финансиран од Европската Унија.
Митингот е со цел да испрати порака до релевантните инстанци во државата со цел забрзано да се имплементира концептот на медиумската и дигиталната писменост во конвенционалното образование.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

