Свет
Италија ѝ понуди прибежиште на Азија Биби
Италија е подготвена да им понуди прибежиште на пакистанската христијанка и нејзиното семејство по нејзиното ослободување од обвинението дека богохулела против исламот, пренесува „Брејтбарт“.
Со тоа Италија стана првата западна земја што јавно ја поддржа Азија Биби, неписмена мајка на пет деца, која беше в затвор осум години откако беше осудена на смрт поради наводно навредување на исламскиот пророк. Помош беше побарана и од Обединетотот Кралство и од Канада, но тие останаа без коментар.
Ослободителната пресуда на Биби за богохулење од пакистанскиот Врховен суд минатата недела предизвика гнев кај муслиманското мнозинство и доведе до јавни повици за нејзино итно извршување. Пакистанскиот кривичен законик пропишува различни казни за богохулење против исламот. За богохулење против личноста на Мухамед тој предвидува смртна казна.
Во изјавата на италијанското МНР се вели дека е подготвено да спроведе каква било одлука на владата за да ѝ помогне на Биби. Вицепремиерот Матео Салвини рече дека ќе стори сé што е човечки можно за да ја осигура безбедноста на Биби во неговата земја.
Случајот на Биби со години внимателно се следи во Италија, а папата Францискос претходно годинава се сретна со нејзиното семејство во знак на солидарност. Салвини направи разлика меѓу докажаниот случај на прогон на Биби и десетиците илјади економски мигранти кои се обидуваат нелегално да влезат во Италија со шверцерски чамци од Либија.
Премиерот на Пакистан, Имран Кан, постојано беше критикуван поради молкот за ова прашање. Заменик-директорот на „Амнести интернешнал“ во Јужна Азија, Омар Вараич, рече дека Кан мора да се придржува до ослободителната пресудао на Врховниот суд и да работи на итно ослободување на Биби и нејзино безбедно патување со своето семејство во друга земја.
Во меѓувреме, адвокатот кој ја претставуваше Биби, Саиф-ул-Мулук, стравува за својот живот и побара азил од Холандија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ги осуди иранските напади врз заливските држави
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта најостро ги осудува иранските напади врз суверенитетот и територијалниот интегритет на заливските држави.
Како што наведе, нападите насочени кон Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност.
„Секој чекор што води кон ескалација на конфликтот е неприфатлив и дополнително ја зголемува нестабилноста на Блискиот Исток. Безбедноста и стабилноста на регионот се од глобален интерес, а Унгарија поддржува деескалација“, порача Сијарто во објава на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека Унгарија изразува солидарност со своите партнери во регионот, кои, според него, се изложени на континуирани напади.
Свет
(Видео) Израелската армија објави снимка од нов голем напад врз Техеран
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија снимка од воздушен напад врз, како што наведуваат, „штаб на иранскиот терористички режим“ во Техеран.
На видеото се гледа уништување на две згради во иранската престолнина.
Претходно, војската соопшти дека спроведува бран обемни напади врз „цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“.
צפו בתיעוד ראשון מהמטס הרחב של חיל האוויר בלב טהראן
מצורף תיעוד מהדקות האחרונות של השמדת מפקדה של משטר הטרור האיראני בלב טהראן pic.twitter.com/jGSpx0oo2Y
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) March 1, 2026
Свет
(Видео) Експлозии одекнуваат низ Техеран откако Израел најави широк напад во срцето на иранската престолнина
Нови експлозии одекнуваат низ Техеран, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред нешто повеќе од половина час објавија дека почнале напади врз срцето на Техеран.
तेहरान के ऊपर विशाल धुएँ के कॉलम उठ रहे हैं, इज़रायली हमलों के बाद। क्या ये मिडिल ईस्ट का नया युद्धक्षेत्र बन गया? #TehranUnderAttack #IsraelIranWar#Iran #Khamenei #Israel #Tehran #Teheran #IranRevoIution2026 #IranWar pic.twitter.com/IllTWLSKhe
— Mayank Tiwari (@imayanktiwari) March 1, 2026
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата.
Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се отвори патот кон Техеран.
Фото: ЕПА

