Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ:Заев ќе заврши во политичка пензија и ќе одговара за сите свои злодела
Одродената и криминална власт на чело со аболицираниот Зоран Заев нема мандат да го менува Уставот на Македонија. Граѓаните на 30 септември јасно ѝ дадоа до знаење на власта дека не се согласуваат со менување на Уставот и уставното име на државата. Не се согласуваат со бришењето на АСНОМ и менувањето на македонскиот идентитет, јазик и историја. Над 1.2 милиони гласачи јасно кажаа дека не се согласуваат со капитулацијата што ја потпиша владата на Заев во Преспа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Заев и СДСМ никаде во својата програма не ветија дека ќе го менуваат уставното име на државата. На гласачите не им најавија дека доколку гласаат за СДСМ, гласаат историјата да им ја пишува некоја од соседните држави или, пак, дека гласаат за променет идентитет и јазик, како и откажување од Македонците во соседството и сè што е македонско. Однесувањето на одродената и криминална власт претставува груба манипулација со волјата на граѓаните.
,,Единствена причина зошто СДСМ ја погази демократијата и волјата на граѓаните, зошто ги распродава државните и национални интереси е спас на политичката кариера на Зоран Заев. Зоран Заев е подготвен по секоја цена да продолжи со своето криминално владеење, да продолжи со раздавањето тендери и грантови на високи државни и партиски функционери. По секоја цена, без разлика дали е тоа името на државата, идентитетот или јазикот, Заев сака да продолжи да возат камионите на Вицето, да растат стеблата марихуана, да продолжи да се богати кланот Заеви на грбот на народот.
Стравот кај Заев и криминалниот картел на власт е огромен. Тие знаат дека доколку ја загубат власта ќе треба да одговараат за сите криминали, знаат дека никој нема повторно да го аболицира или амнестира кланот за неговите криминали. Правдата ќе ги стигне и сите оние кои наместо да го казнуваат, го амнестираат криминалот на власта. Игнорирањето на волјата на граѓаните скапо ќе го чини СДСМ и Заев, на наредните избори волјата на граѓаните ќе биде уште посилно изразена, а Заев ќе заврши во политичка пензија и ќе одговара за сите свои злодела”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Наместо нови лица- стара банда, велат од СДСМ за реформите во ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицкоски ги отстрани сите потпретседатели во ВМРО, по примерот на Вучиќ, апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија, тврдат утрово од СДСМ преку соопштение до медиумите.
„Ги постави своите најблиски другари. Томовски – за организациски секретар, со цел да ги „организира“ односно контролира тендерите.
Како оние 161 тендер за семејната фирма на Томовски.
Тука е и човекот на Сашо Мијалков од службите, очигледно за контакти со руските служби – Драган Ковачки.
Човекот кого НАТО го одби, кој не исполнува услови за сертификат, сега е првиот човек за Мицкоски во партијата.
ВМРО се враќа во времето кога службите беа главни во партијата додека се спроведува грабеж.
Покрај ова, негов најблизок соработник во Владата е вицепремиерот Стоилковиќ, човек со години во служба на БИА и во интерес на руските служби. Човек кој слави со Ноќните волци и странски анти-ЕУ пропагандисти.
Сега кругот е целосно затворен.
Медиумите се под целосна контрола преку Орбан, со преземање на телекомуникациите и енергетиката.
Го презеде МВР, Обвинителството и судовите.
Вели дека во мај–јуни ќе има реконструкција на владата за да постави уште некои свои луѓе кои му требаат.
Уздите ги стави во свои раце и продолжува со ограбувањето на државата во својот најтесен круг на пријатели. Буџетот одамна е во канџите.
Може да започне забрзување на процесот на целосна изолација од ЕУ.
Тоа се „реформите“ во ВМРО, наместо нови лица – стара банда“, стои во соопштенитео на СДСМ.
Соопштенија
Како 5 тони дрога поминала граница и кој ќе одговара ако била незаконски произведена, праша СДСМ
Помина цела недела откако беше објавен картелскиот скандал со 5 тони дрога од Македонија, запленети во соседна Србија, потсети утрово Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ).
„И после цела недела нема одговор како 5 тони дрога поминала преку македонската граница? Кој ќе одговара? Кој во врвот на власта стои зад криминалниот бизнис со шверц на дрога?“ параа од СДСМ.
Без поддршка од власта, структури во МВР, во Царина, во други институции, не може 5 тони да се шверцуваат, сметаат од СДСМ.
„Поврзаноста на криминални структури во Македонија и во Србија е пред очите на јавноста. Молкот од власта е најсилна потврда.
Со медиумска кампања на заплени канабис власта дополнително се заплетка. Ако се запленети 40 тони нелегално произведена марихуана тогаш што правела власта изминатите 2 години?
Кој го дозволил тоа? Кои се институции потфрлиле? МВР, Здравство, Земјоделие…?“, велат од СДСМ.
Партијата укажува дека има точно пропишана законска процедура за производство и чување на медицински канабис за што се надлежни повеќе институции и ако незаконски се произведени 40 тони бараат Владата да одговори кој ќе понесе одговорност од врвот на власта.
Соопштенија
„Гласаа против ’Безбеден град’, а сега бараат да се казнат тие со нерегистрирани возила и без возачка“, ВМРО-ДПМНЕ ги обвини за лицемерие Филипче и СДСМ
„СДС и Венко Филипче со двојни аршини, биле и останале. Кај нив ништо не се менува, се останува исто. Тоа се потврди и овој пат со проектот ’Безбеден град’. Прво во Собрание гласаат против закони кои овозможуваат негова имплементација и со кој проект се овозможува и гарантира сообраќајната безбедност, а од друга страна велат дека тие што возат без возачка дозвола треба да се казнат“, реагираат утрово преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
„Изминатиов период јавноста беше сведок како активисти на СДС кои работеле за Оливер Спасовски, дивееја по македонските градови за да продолжат за возат без возачки дозволи, и јавно се закануваа со тепање и убивање на полициски службеници.
Ваквиот насилен начин на протестирање не е демократски чин на изразување незадоволство и истиот за нас, како ВМРО-ДПМНЕ, е неприфатлив и остро го осудуваме.
А од друга страна, СДС и Венко Филипче во Собранието гласаа против овој проект кој ја гарантира безбедноста на учесниците во сообраќајот, ги открива прекршителите на законите и прописите и ги детектира сите оние кои возат без возачки дозволи и со нерегистрирани возила.
Човекот кој најгласно се спротистави на „Безбеден град“ е координатор на пратеничката група на СДС, Оливер Спасовски кој додека беше министер за внатрешни работи не направи ништо да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.
Во периодот на власт на СДС и министерувањето на Филипче и Спасовски не се имплементираше ниту еден проект кој системски и на дигитален начин овозможува контрола и безбедност во сообраќајот, како „Безбеден град“, а со транспарентно санкционирање, намалување на сообраќајните прекршоци.
Затоа сега, кога конечно се воведува системот кој носи ред и безбедност во сообраќајот, а еднаквост пред законот СДС и Филипче гласаат против, за од друга страна лицемерно да тврдат дека се против возење на нерегистрирани возила и без возачка дозвола.
Овде се гледа контрадикторноста, лицемерието и двојните аршини на СДС и Филипче.
Но, на СДС, Венко Филипче и Оливер Спасовски треба да им е јасно дека проектот „Безбеден град“ ја надминува нивната партиска агенда, затоа што тој е системско решение за заштита на животите на граѓаните.
И секој кој сака ред, поредок, безбедност и законите да важат еднакво за сите, безрезервно го поддржува овој проект, сè останато е политичка калкулација на сметка на животот и безбедноста на граѓаните“ стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

