Македонија
(Видео) Стоилковски: Партизација на администрацијата во Струмица, од хигиеничар до министер
																								
												
												
											Продолжуваме со честитките кон власта за успешниот придонес кон европеизацијата на општинските администрации преку вработувања на семејствата и блиските на видни партиски членови, онака како што тоа за власта не е непотизам, туку квалификации. Во оваа насока очекуваме следниот пат кога партискиот портпарол на СДСМ ќе одржи прес пред централното седиште на опозицијата да донесе и благо, да почести за личниот успех во акцијата „Партизација на администрацијата од хигиеничар до министер“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, пред да биде вработена во струмичката администрација, без помош од пратеник на владејачката партија, административката мајка со сесрдна помош на семејството успешно водела семејни бизниси, кои речиси сите се избришани поради – стечај.
,,Во својот курикулум, доколку ѝ е побаран и поднесен при аплицирањето по огласот на струмичката администрација, веројатно се запишани и семејните компании, па така во општината се запознаени со одговорите на прашањата: Дали новата административка е запишана како сопственичка и управител во ‘Фани екстра’ ДООЕЛ увоз – извоз Струмица, фирма регистрирана за трговија со пијалаци, основана во 2002 година, а е изгасната со бришење од трговски регистар на 26.09.2013 година? Избришана од регистар, а останува прашањето зошто и поради кои причини.
Дали Фанче Костадинова, новата административка вработена без врски во струмичката администрација како дел од зафатот за европеизација и модернизација на администрацијата, се јавува и како косопственик со своите деца на ДОО ‘Фани логостик’ Струмица, трговија на големо со пијалаци? Фирма за која е поведена стечајна постапка на 27.01.2017 година од Министерство за финансии – Управа за јавни приходи Скопје, а субјектот е уште во постапка на бришење?”, праша тој.
Според Стоилковски, познато е дека стечајна постапка се поведува како последица на ненамирување на обврските спрема добавувачите, значи купување стока, а за неа не плаќале, до период додека не се презадожиле и не можеле редовно да се сервисираат долговите.
,,Дали можеби во администрацијата имале сознанија за ‘Деликатес Фани’ ДООЕЛ Струмица, регистрирана од страна на сопругот и татко на пратеникот Костадинов? Дали и зад бришењето од судски регистар по решение за стечајна постапка и за оваа фирма стои ситуација во која не се намирувани обврски и фирмата е доведена во неликвидна и несолвентна состојба кон доверителите? Или дали новата административка има врска со фирмата ‘Интер метал метан ДООЕЛ Струмица, повторно регистрирана од сопругот и татко Костадинов, за кој што во 2017 година е поведена стечајна постапка и истата е избришана од трговски регистар?
Според Законот за стечај, во делот Услови за отворање стечајна постапка стои дека стечај или реорганизација над стечајниот должник се спроведува кога стечајниот должник е неспособен за плаќање, односно му претстои идна неспособност за плаќање. Оттука по низа вакви фирми избришани од регистарот, прашањето е дали тие намерно се воведувани во стечај? Или дали можеби станува збор на пример за намерно доведување на фирми во неликвидна состојба за лична добивка?”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

