Македонија
Намален водостојот во Охридското Езеро, најкритично кај Студенчишкиот Канал
Намалениот водостој на Охридското Езеро се заканува да прерасне во посериозен проблем.Општината апелира до надлежните институции и ја апострофира сериозноста на проблемот со моменталниот водостој на Охридското Езеро, особено на делот на Студенчишкиот Канал
Проблемот ескалира веќе одреден период наназад, што резултираше со намален водостој во езерото и каналот, што може да има сериозни последици врз рибниот фонд.

,,За да не дојде до евентуален помор на риби, особено во делот кај Студенчишкиот Канал и поплитките делови на крајбрежјето на Охридското Езеро, веќе е испратен и соодветен допис до Министерството за транспорт и врски, од кои побаравме во рамките на нивните надлежности, да преземат соодветни мерки, со кои превентивно би се избегнале поголеми еколошки проблеми. Рибата поради нискиот водостој излегува на површина и наскоро може да се случи масовно да угинува поради недостиг на кислород”, велат од општината.
Во неколку наврати и еколозите побараа да се прекине со испуштање на вода од езерото. Тие потенцираат дека нема вода во Билјанини Извори, а од пумпите на ЈП „Водовод“ нема дотур на свежа вода во каналот, што може да доведе до несакани последици.

,,За да се надмине оваа состојба, од ЈП ‘Водовод’ е побарано да се исклучат пумпите со кои се зема вода за пиење од каптажата Билјанини Иизвори и истата да се пренасочи во Студечишкиот Канал за дотур на свежа вода и за да се зголеми нивото на вода и количеството на кислорот. Истото од страна на МЈП ‘Проаква’ е веќе преземено. Иако оваа количество вода е значителна за водоснабдување на градот Охрид, МЈП ‘Проаква’, без
оглед на цената на чинење, постапи по нашето барање со цел да се спречи еколошка катстрофа.
Дополнителен проблем е што и прогнозата за периодов кој е пред нас не носи врнежи од дожд, што, доколку не се направи навремена превенција, може да доведе до посериозни последици.
Поради сето горенаведено, испраќаме апел до одговорните инситуции за итна реакција и примена на наведените мерки, за да се ублажат последиците од новонастанатата состојба“, соопшти Општина Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мисајловски: Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори
Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. А владината коалиција, на овие избори, докажа дека е повеќе од стабилна и легитимна, со вкупно освоени 66 општини од вкупно 81, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваа голема победа е и голема одговорност и обврска за работа и испорачување на резултати. Благодариме на секој граѓанин кој го даде гласот за ВМРО-ДПМНЕ и нашата коалиција. Ветуваме дека нема да ве разочараме и обезличиме. Нашиот образ мора да биде чист, а тоа ќе го направиме со работа и со проекти. Историска победа и обединувањето на народот на Кичево поради што падна и Фатмир Дехари и ДУИ е благодарност до секој еден Албанец, Ром, Турчин, Влав, Србин, Бошњак, и сите останати кои го дадоа гласот за Александар Јовановски. Обединувањето во Кичево е пример како ќе се гради Македонија“, рече тој.
Мисајловски рече дека има огромна победа во Брвеница на Јовица и покрај, како што кажа, сите дејствија кои ги презема неговиот противкандидат.
„И во Брвеница, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Бошњаците, и сите останати, покажаа дека националните и етничките приказни на одредени структури, паѓаат во вода. Сотир Лукровски е новиот градоначалник на општина Карпош. Огромна и важна победа во Карпош. Исто така, победа издвојувавме и во градот Скопје, каде Орце Ѓорѓиевски е новиот градоначалник на градот Скопје. И тука имаме навистина многу работа. Граѓаните одбраа и промени во Валандово, во Дојран, во Дебарца, во Демир Капија, во Крушево, во Пробиштип, во Росоман, во Чучер Сандево, таму локалната власт ќе биде раководена од нови кадри, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Победивме и во Аеродром, Виница, Конче, Неготино, Лозово, Македонски Брод, Могила, Ранковце, Чешиново-Облешево“, рече Мисајловски.
Според него, опозицијата на овие избори е длабоко поразена. Тој смета дека СДСМ и ДУИ мора да се реформираат.
„Нивните политики граѓаните ги имаат прочитано и повеќе не поминуваат. На Македонија и е потребна конструктивна опозиција, која ќе дава аргументирана критика и поддршка на реформите. Кадровските промени на неколку луѓе во СДС, не е реформата која им е потребна. Проблемот во СДСМ е Филипче, затоа што е продолжена рака на Заев и се додека е така, СДСМ ќе тоне. Ги слушаме и граѓаните кои не излегоа на изборите и оние кои излегоа и ги направија своите гласачки ливчиња неважечки. Ние ќе работиме да го промениме нивното мислење со работа и со проекти“, изјави Мисајловски.
Македонија
Во вториот круг 19.287 неважечки ливчиња, само во Скопје над 10.000
Во вториот круг од локалните избори, што се одржа вчера во 33 општини, се евидентирани вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња или околу 5,6 отсто од сите употребени ливчиња.
Само во град Скопје се евидентирани 10.528 неважечки ливчиња. За градоначалник на главниот град гласале 167.575 гласачи. Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња е 157.047.
Одѕивот во Скопје во вториот круг изнесуваше 35,33 проценти, а на ниво на сите општини во кои имаше втор круг таа беше 47,16 проценти.
Македонија
Временска најава: од попладне дожд, грмежи и северен ветер
Под влијание на влажна воздушна маса денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 15л/м2) и ќе има услови за појава на ретки грмежи, информира УХМР.
Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер (над 60 км/ч), а дневната температура утре ќе опадне за неколку степени.
В среда и в четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат в петок и во деновите од викендот.
Во Скопје, кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта, ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Во текот на ноќта и утре ќе дува засилен северен ветер.

