Македонија
Трамп ја номинира Кејт Мери Бирнс за нов амбасадор на САД во Македонија
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја номинира Кејт Мери Бирнс за иден амбасадор на САД во Република Македонија. Веста за нејзиното номинирање на социјалната мрежа „Твитер“ ја сподели и актуелниот американски амбасадор во земјата, Џес Бејли.
Congratulations to Kate Byrnes on the President’s intent to nominate her as the next U.S. Ambassador to the Republic of Macedonia. https://t.co/ZzHm6SlB3c
— Amb. Jess Baily (@AmbBaily) November 8, 2018
Бирнс во моментот е заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Грција. Претходно, таа била заменик-шеф на мисијата и заменик-постојан претставник во мисијата на САД во седиштето на ОБСЕ во Виена, работела и во американската амбасада во Мадрид, а подоцна била и на дипломатски задачи во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

