Свет
(Видео) Јан Дејвид Лонг, поранешен маринец, е напаѓачот што го изврши нападот во Калифорнија

Локалните власти го идентификуваа напаѓачот што уби 12 луѓе во ноќниот клуб во Калифорнија како 28-годишниот ветеран Јан Дејвид Лонг.
Според локалните власти, Лонг оваа пролет имал серија неконтролирано однесување, но властите мислеа дека тоа е посттрауматско стресно нарушување, кое било последица на воената служба.
Со димна бомба и пиштол, поранешниот маринец, со качулка на главата, облечен во црно, отвори оган во барот и притоа уби најмалку 12 луѓе и рани десетици други, а според локалниот шериф, Џеф Динпостојат, има сомнежи дека веднаш по нападот, Лонг се самоубил во истиот бар.
Дин рече дека неговиот оддел бил во контакт со Лонг неколкупати порано и дека во април годинава тој во својот дом бил виден како се однедува нерационално и диво.
Шерифот исто така вели дека тогаш бил повикан професионален тим за да ја процени неговата ментална состојба, кој заклучил дека Лонг не треба да биде притворен.
Локалните власти велат дека мотивот на нападот сè уште се истражува. Неименуван полициски претставник претходно изјави дека напаѓачот фрлил димна бомба и користел пиштол во калибар 45 додека пукал во барот Таузанд Оукс, Калифорнија, 65 километри североисточно од Лос Анџелес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.