Македонија
Димитров за „Тагесшпигел“: Скопје очекува во 2019 година почеток на пристапните разговори за ЕУ

Со оглед на напредокот во спорот за името со Атина, министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, за германски „Тагесшпигел“ вели дека смета оти пристапните разговори за ЕУ ќе почнат во 2019 година.
„Со оглед на нашите успеси, сакаме да постигнеме на земјите членки на ЕУ да им е речиси невозможно да не постигнат консензус за почеток на пристапните разговори“, рече Димитров во своето интервју за „Тагесшпигел“.
Но, за Македонија, процесот на пристапување кон ЕУ е поважен од возниот ред, додава тој и вели наша највисока цел не е пристапувањето кон ЕУ поради самото тоа, туку ние сакаме да го искористиме процесот на пристапување за да ја направиме земјата европска.
Димитров, меѓу другото, во четвртокот во Берлин се сретна со сојузниот министер за надворешни работи, Хајко Мас.
Мас, по средбата со својот македонски колега, оддаде признание за напредокот на земјата од Балканот.
„Македонската Влада силно се заложи да го реши спорот за името со Грција“, истакна Мас за „Тагесшпигел“.
„Да се имплементира историската спогодба, навистина е голем чекор, при што Скопје постигна вистински напредок“, вели Мас.
Тој го охрабрил Димитров по овој пат да чекори одлучно, но и внимателно. Според Мас, ако се реши спорот за името, ќе отпадне една одлучувачка пречка за натамошното приближување кон ЕУ и НАТО.
„Ова е историска шанса што земјата сега мора да ја искористи“, заклучува Мас.
Дали спогодбата за преименувањето на Македонија ќе стапи во сила зависи и од Грција. И парламентот во Атина мора да се согласи со договорот. Според Димитров, како Владата во Скопје така и во Атина силно се залагаат да го затворат поглавјето на 27-годишниот спор за името.
Во однос на собраниската процедура за уставните измени, Димитров е убеден дека и кај завршното гласање во Собранието ќе биде обезбедено потребното двотретинско мнозинство.
„Во редовите на опозицијата има како поддржувачи така и противници на измената на Уставот“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.