Контакт

Соопштенија

Стоилковски: СДСМ ја партизира администрацијата од хигиеничар до министер

Објавено пред

Зад мене е центарот за полнење на администрација, за вработување  мајки, синови, ќерки, татковци, стрини, вујни, чичковци по принципот „партизација на администрација од хигиеничар до министер“. Ова го изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, од пред седиштето на владејачката партија.

dobivaj vesti na viber

„Услов е кандидатот да биде член или да биде поврзан со што повисок функционер во партијата. Костадин Костадинов е поранешен советник, па в.д. градоначалник на Струмица, сега пратеник и партиски портпарол на СДСМ кој вели  немало непотизам! Особено не за вработувањето на мајката си во Централниот регистар во Струмица. Без паника и страв, а во име на транспарентноста и отчетноста, и во име на штитењето на јавниот интерес, Костадинов, а и СДСМ, треба да одговорат дали за вработувањето на овој свеж, мотивиран кадар без врски во Струмица, како предност и висококвалификувано искуство е земено туркањето на семејни фирми во стечај“, рече Стоилковски.

Тој праша зошто од регистарот во 2013 година била избришана фирмата „Фани екстра“ ДООЕЛ увоз извоз Струмица, регистрирана за трговија со пијалаци, и зошто е поведена стечајна постапка преку УЈП за фирмата „Фани логостик“ ДОО, за трговија со пијалаци на големо, а субјектот е сè уште во постапка за бришење.

Соопштенија

Огништа од БРАКО за вечерните забави на „Винтерфест“ во Велес

Објавено пред

Фабриката БРАКО обезбеди огништа за забавите во вечерните часови на манифестацијата Винтерфест, која во изминатите денови се одржува во Младинскиот парк во Велес, во организација на општината, како дел од предновогодишната атмосфера во градот.

dobivaj vesti na viber

Одличната забава на велешани БРАКО годинава ја направи потопла, преку специјално изработени огништа кои општинските служби соодветно ги распоредија низ паркот, а на кои постителите од сите возрасти можеа да се згреат додека ги следат музичките настапи, пијат чај, се сликаат со Дедо Мраз и се забавуваат.

БРАКО редовно ги поддржува сите настани во Велес, помага на општината за инфраструктурни проекти, поттикнува индивидуални акции и покажува општествена одговорност кон градот од чие население доаѓаат најголемиот број вработени во фабриката

ПР објава

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Окта“ продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта

Објавено пред

Во духот на новогодишните празници, ОКТА продолжи со својата традиција на поддршка на локалната заедница преку донации намени за централното општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, како и за двете подрачни училишта во селата Мршевци и Текија во општина Илинден. Оваа година покрај новогодишни пакетчиња, компанијата донираше и агрегат за струја што ќе овозможи непречено одвивање на наставата во услови на прекин на електричната енергија.

dobivaj vesti na viber

„Остануваме посветени на нашата заложба да даваме континуирана поддршка во образованието и развојот на идните генерации, преку подобрување на нивните услови за учење. Овие празници ги израдувавме дечињата со новогодишни пакетчиња, додека со донацијата на агрегатот за струја веруваме дека ќе овозможиме континуитет во спроведувањето на наставата, што претставува предизвик особено во зимските месеци“, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност на ОКТА.

Оваа предновогодишна донација е дел од континуираните општествено одговорни активности на ОКТА насочени кон образованието и унапредувањето на условите за учениците во локалната заедница, кои оваа година вклучија донација на две фотоволтаични централи во училишта во Велес и Гевгелија, донација на фотоволтаични сообраќајни знаци во близина на училишта во Центар и спроведување на кампања за сообраќајна едукација на најмладите како дел од платформата на ОКТА „Јас Внимавам“.

Директорот на централното основно училиште „Браќа Миладиновци“, Дарко Петковски, му се заблагодари на тимот на ОКТА за поддршката. „Оваа донација значително ќе го подобри функционирањето на нашето училиште, особено во услови кога е неопходна дополнителна енергетска сигурност. Пакетчињата пак им донесоа голема радост на нашите најмлади ученици, кои секогаш се радуваат на ова убаво празнично изненадување“, рече Петковски.

ОКТА продолжува со својот ангажман во поддршката на локалната заедница, насочувајќи ги вложувањата кон образованието, младите и нивниот просперитет.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Македонските мали и средни претпријатија влегуваат со умерен оптимизам во 2025

Објавено пред

ДАНИЕЛА ДИМОВСКА, ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО: ПОЛОВИНА ОД МАКЕДОНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОЧЕКУВААТ РАСТ, НО ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОСТАНУВААТ!

dobivaj vesti na viber

Повеќе од половина од малите и средните претпријатија (МСП) во Македонија очекуваат подобрување на економската активност во нивниот сектор во текот на наредната година, покажува истражувањето спроведено во рамки на Годишниот извештај на Агенцијата за поддршка на претприемништвото (АПП). И покрај инфлацијата и растот на цените кои и понатаму претставуваат главен предизвик за стопанството, голем дел од менаџерите изразуваат умерен оптимизам во однос на следната година.

Иако, 34% од компаниите забележале умерено подобрување, 38% од испитаниците сметаат дека економската активност во нивниот сектор останала непроменета. Овој амбивалентен став резултира со зголемена претпазливост кај компаниите во однос на идните вработувања и инвестиции. Помалку од 20% од испитаниците вложиле во нови инвестиции или лансирале нови производи, додека мнозинството го задржале истиот број на вработени. За да се справат со ефектите од инфлацијата, дел од компаниите прибегнале кон зголемување на цените на своите производи.

Проблемите со зголемените цени на инпутите, нарушениот синџир на набавка и ограничениот пристап до финансии, остануваат клучни предизвици. Една четвртина од испитаниците, главно микро претпријатијата, со помалку од десет вработени, посочиле дека имаат сериозни потешкотии со пристапот до финансиски средства. Сепак, директорката на АПП, Даниела Димовска, истакнува дека истражувањето е спроведено пред постигнувањето на договорот за кредитната линија со ниски камати од унгарскиот кредит, кој се очекува значително да ја подобри оваа состојба.

Истражувањето открива и дека две третини од испитаниците имаат минимална интеграција на новите информатички технологии во своите процеси. Во оваа насока, Димовска најавува дека дигиталната трансформација ќе биде главен приоритет во мерките на АПП за 2025, со цел да се зголеми конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија.

Истражувањето е спроведено од консултантската фирма „Маркет Висион“ во октомври годинава, на стратицифиран случаен примерок на мали и средни претпријатија, со интервал на доверба од 95% и статистичка грешка од 5%. Резултатите се основа за Годишниот извештај на АПП.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

(Фото) Мицкоски и Ѓорѓиевски помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови поворки

Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски и нашите семејства сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови Поворки!...

Скопје2 часа

Герасимовски: Бадник е празник што обединува и поттикнува солидарност

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово присуствуваше на традиционалната прослава на Бадник во дворот на Соборниот храм „Свети Климент...

Скопје3 часа

(Фото) Градоначалникот на општина Илинден ги пречека бадниковите коледари

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска ги пречека младите коледари кои со песна ја вознесоа веста за Христовото Раѓање....

Македонија3 часа

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката на СДК.МК

Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува инцидентот во кој беше запалено возилото на новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК, Сузана Вренцовска,...

Топ4 часа

Му се заканувале за да изнудат пари, па му го запалиле возилото: 30-дневен притвор за двајца штипјани

СВР Штип поднесе кривична пријава против 38-годишниот К.А. и 20-годишниот М.М., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за...

Македонија7 часа

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -6 степени, -5 било во Скопје-Петровец, -4 во Скопје-Зајчев Рид и...

Македонија8 часа

Денеска е Бадник, ден полн со традиции и радост пред Божиќ

Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Овој празник ја...

Македонија8 часа

„Двојазичните лиценци се противуставни и шверцерски усвоени – го поздравуваме потегот на Сиљановска“, велат од партијата Левица

Непотпишувањето на Указот за воведување на двојазични лиценци во градинките од страна на претседателката Сиљановска, Левица смета дека е во...

Европа9 часа

Експлозии кај нуклеарната централа Запорожје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во неделата извести за силни експлозии во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје, што...

Регион9 часа

Директорот на црногорската полиција: Обдукцијата на телото на убиецот е завршена

Лазар Шќепановиќ, директор на Црногорската полициска управа изјавил дека извештајот од обдукцијата на Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 лица во...

Македонија9 часа

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија19 часа

СВР Тетово уведува дека состојбата со возилата кај Маврово вечерва е ставена под контрола

Попладнево се создаде голем метеж и колони од автомобили по локалниот пат околу Мавровското езеро, но надлежните информираат дека ситуацијата...

Македонија20 часа

Граѓани со часови останаа заглавени во колони, премрзнаа враќајќи се од Маврово, дел се со деца

Голем број граѓани кои беа на скијање во Маврово денеска останаа заглавени со часови во километарски колони возила на патот...

Топ1 ден

Осуденик од Тетово претепан од двајца затвореници во затворот „Идризово“

Осуденик од тетовското село Јеловјане бил физички нападнат од двајца осуденици од Скопје во затворот „Идризово“, информира Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Град Скопје тврди дека презема засилени контроли за почист воздух и казни за прекршителите

Град Скопје тврди дека продолжува со засилени инспекциски надзори на терен 24 часа дневно, со цел да го намали загадувањето...

Европа1 ден

Зимата предизвика откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт

Неповолните зимски услови предизвикаа откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт, од вкупно 1.090 планирани, информира ДПА....

Македонија1 ден

Поради манифестации за Бадник дел од улиците во Скопје утре ќе бидат затворени

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен утре на подрачјето на град Скопје каде по повод Христијанскиот празник Бадник  ќе се...

Македонија1 ден

Итно прогласување на кризна состојба поради отровно загадениот воздух во Скопје, бара Левица

Од партијата Левица изразуваат длабока загриженост за катастрофалната состојба со аерозагадувањето во Скопје, кој се наоѓа на врвот на светската...

Македонија1 ден

Утре се слави Бадник, ден полн со традиции и радост пред Божик

Православните христијански верници во Македонија утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Овој празник ја...

Македонија1 ден

Гостиварец силувал 13-годишно девојче кое го запознал на социјалните мрежи

За кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик...