Македонија
Француски експерти ги обучуваа македонските полицајци како да се справат со спортски хулигани
Денеска заврши обуката на 25 припадници на МВР од областа на јавниот ред и мир и превенција како дел од годинашната програма за обуки на македонски полицајци, предложена и поддржана од Амбасадата на Франција во земјата.
Какo што информираат од МВР, обуката што се реализирала во текот на изминатите неколку дена била посветена на подготовка на спортски настан, управување и контрола на навивачи, координација на служби и размена на информации во рамките на организација на чувствителни спортски настани.
„Министерството за внатрешни работи има одлична соработка со Амбасадата на Француската Република, особено во делот на спроведување обуки за припадници на МВР и притаа соработка со француската полиција партиципира со врвни експерти во своите области. Годинава, едукативната програма, покрај изучувањето на францускиот јазик, беа опфатени и обуки за борба против тероризмот, против нелегалната трговија со дрога и оружје, а од посебно значење за МВР беа и обуките во областа на криминалистичко-техничките испитувања и вештачења“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

