Свет
(Видео) Најмалку девет луѓе загинаа во пожарот во Калифорнија
Најмалку девет лица го загубија животот во пожарот што избувна во северниот дел на Калифорнија, каде што се целосно уништени 6 700 куќи и продавници, соопшти Секретаријатот за шумарство и пожари на Калифорнија.
Пожарот, како што пренесува Ројтерс, официјално стана најразорниот пожар досега во земјата.
„Ова е најлошо сценарио кое можеше да се случи. Вакво нешто досега не сме доживеале”, изјави шерифот на областа Кори Хонеа.
Тој рече дека телата на пет жртви биле пронајдени во или во близина на автомобилите, три во куќа и едно тело е најдено пред една куќа.
Тој додаде дека најмалку 35 лица се водат за исчезнати, а тројца пожарникари беа повредени.
Пожарот беше забележан во четвртокот вечер на работ на националната шума североисточно од Сакраменто, а досега илјадници луѓе беа евакуирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вучиќ одржа контрамитинг, се пофали со „реки луѓе“: „За малку ќе заплачев“
Во Јагодина вечерва се одржа митинг по повод основањето на Движењето за народот и државата, на кој српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е трогнат од бројот на луѓе кои се собрале да ја изразат својата желба да ја заштитат и зачуваат Србија, пренесува Анадолија. Ова е собирот на Вучиќ кој го одржува за да се спротивстави на протестите и штрајкот предводени од студентите.
Насобраните извикуваа пароли „Ацо, Србине“ и „Не се откажуваме од Србија“, а Вучиќ им се заблагодари на сите што пристигнаа во Јагодина.
„За малку ќе заплачев кога видов толку многу луѓе кои сакаат да ја бранат Србија. Нашиот народ знае, Србија знае како е нападната денес и од надвор и од внатре. Народот знае кога е време да ги поддржи оние кои се бореле за Србија. Тие го притискаат нашиот народ во Косово, се обидуваат да ги протераат Србите“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека, според него, оние кои ја ограбиле Србија сега сакаат да ги користат децата за да ја вратат власта.
„Прекрасно е да се биде претседател на Србија. Нема ништо поубаво на светот“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека на основците и средношколците место им е во училиштата. Тој ги повика студентите на дијалог, барајќи од нив јасно да кажат што не е исполнето за да се остварат нивните барања.
„Ве молиме дојдете и кажете ни кое од четирите барања што ги поставивте не е исполнето“, рече тој.
Вучиќ во своето обраќање истакна дека додека е претседател на Србија нема да воведува санкции кон Русија или други пријателски земји. Тој нагласи дека го разбира незадоволството поради објективни проблеми, но вети поддршка за нивно решавање.
View this post on Instagram
Говорејќи за плановите, тој ја истакна важноста од завршување на проектот Експо и привлекување нови инвеститори.
„За тоа ни треба нова енергија, а не враќање во минатото“, нагласи тој.
Вучиќ заклучи дека власта никогаш повеќе нема да се стекне преку улиците во Србија. „Народот сака да оди напред, народот сака иднина“, рече тој.
Вучиќ на својот Инстаграм за време на митингот се пофали со „реките луѓе“ кои „допрва доаѓаат“. „Благодарам Јагодино. Благодарам Србија“, напиша тој покрај видеото снимено од воздух.
View this post on Instagram
Свет
Јужна Кореја: Ким Џонг-ун ќе испрати уште војници во Русија и покрај загубите
Северна Кореја се подготвува да испрати дополнителни трупи за учество во војната во Украина, соопштија јужнокорејските воени претставници, и покрај извештаите за големи жртви меѓу војниците на комунистичката држава веќе распоредени на бојното поле.
Според „Гардијан“, тврдењата дека Пјонгјанг планира да ја зголеми поддршката за Кремљ се појавија откако Доналд Трамп рече дека може да ги обнови односите со Ким Џонг-ун, опишувајќи го севернокорејскиот лидер како „паметен човек“ во интервју за Фокс њуз.
Началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја во денешното соопштение рече дека четири месеци откако Северна Кореја испрати околу 11.000 војници во конфликтот во Украина – од кои значителен број беа убиени или ранети – режимот „експедитивно спроведува подготвителни мерки за распоредување на дополнителни трупи“.
Здружениот генералштаб на Јужна Кореја не даде детали за тоа какви би можеле да бидат тие мерки.
Северна Кореја почна да испраќа војници минатата есен, неколку месеци откако Ким Џонг-ун и Владимир Путин потпишаа договор за заемна одбрана, чија цел е зајакнување на сојузот против, како што ја нарекоа, „западната хегемонија предводена од САД“.
Се смета дека во замена за распоредување војници, како и за снабдување со оружје и муниција, Северна Кореја сака пристап до софистицирана руска ракетна и сателитска технологија.
Регион
(Видео) Вучиќ одржува контрамитинг во Јагодина
Александар Вучиќ одржува контрамитинг во Јагодина.
Како што пренесува РТС, тој на насобраните им рекол дека е свесен за тежината на моментот во кој се нашле.
На студентите им порача „книги, а не знамиња“ и ги покани да разговараат, како и да кажат кое од барањата не е исполнето за да се исполни.