Македонија
Интервју на Димитров за „Велт“: Веруваме дека Грците ќе го исполнат ветеното

Топката е засега кај нас. Ние веруваме дека Грците ќе го направат она што го ветија. Ова е најдобриот компромис што може да се направи, имајќи предвид колку луѓето во двете земји се лути едни на други, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров во интервју за германскиот весник „Велт“, одговарајќи на прашање околу позицијата на Грција за ратификација на договорот за името.
Во однос на процесите во македонското Собрание, Димитров вели дека можат да се случат уште многу работи до последното гласање за кое повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство.
„За околу два месеца, кога текстот ќе се дебатира и одлучува, повторно ќе ни треба двотретинско мнозинство за да ги ратификуваме промените“, рече Димитров и додаде дека опозициските пратници кои претходно ги поддржа уставните измени поставија услови за да го поддржат и клучното гласање за два месеци.
Министерот во интервјуто се осврна на односите со Москва. Запрашан за анти-НАТО расположението кај Русија во однос на Македонија, Димитров рече дека да се биде дел од НАТО, не мора да значи лош однос со Москва.
„Долгорочно гледано, ние мораме да ги надминеме тензиите меѓу Русија и Западот и повторно тесно да соработуваме со Русија. Предуслов, се разбира, е да се почитува територијалниот интегритет и да се воспостави мир во Украина. Нам, на Европејците, долгорочно гледано ни треба подобар однос со Русија. Не станува збор за или-или. Членството во НАТО не значи да се биде вечно против Русија“, одговори Димитров.
Запрашан за очекувањата од ЕУ и Германија, министерот одговори дека сите сакаме мир и стабилност на Балканот, а за тоа потребни ни се разговорите за пристап со ЕУ.
„Сите ние сакаме мир и стабилност на Балканот, и за тоа ни требаат разговорите за пристап со ЕУ. Самодовербата на ЕУ е разнишана. Проширувањето не е тема, со која во ЕУ може да се добијат избори. Но, неангажирањето во нашиот регион секогаш ќе биде поскапо од ангажирањето. Ние сме остров во средината на ЕУ. Миграциската криза покажа колку е важен регионот за европската безбедност. Сепак, процесот на пристапување функционира само ако не е исполитизиран“, порача Димитров и дополни дека нашата желба е да бидеме третирани согласно заслугите.
Во однос на мигрантската криза и можноста за отворање центри за азил надвор од ЕУ, Димитров рече дека не може да се бара од една земја да го споделува товарот, а не и придобивките.
„Веднаш штом ќе станеме членка на клубот и ги уживаме правата на членство во ЕУ, со задоволство ќе го споделуваме и товарот. Тогаш во целост ќе бидеме способни да ја имплементираме заедничката политика на ЕУ во оваа област“, додаде Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).