Македонија
Без струја селата на Китка
Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Студеничани, Чучер Сандево и Сарај.
Во периодот од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат потрошувачите од селата кои гравитираат кон планината Китка, и тоа: Алдинци, Драчевица, Цветово, Мала Река, Долно и Горно Количани, Пагаруша, Вртекица, Рамни Габер, Црвена Вода и Палиград, како и Прслап Китка и планинарски дом Караџица па сè до Солунска Глава (општина Студеничани); од 9 до 15 часот селото Батинци – улиците 4, 6 и 7 (општина Студеничани).
Од 9,:0 д0 14:30 часот струја ќе нема дел од село Бродец – кај викендичките (општина Чучер Сандево) и дел од селата Семиниште и Чајлане (општина Сарај) и од 10 д0 13 часот потрошувачите од селата Ласкарци, Раовиќ и Паничари и дел од селото Буковиќ (општина Сарај).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Ова беа можеби најмирните и најдемократски избори што се случиле било кога
Во Република Македонија се одржаа можеби најмирните и најдемократски избори што се случиле било кога, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој оцени дека не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден.
Се заблагодари на македонските полицајци, граѓаните кои, како што рече, покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското семејство, набљудувачите и новинарите.
„Да се живи и здрави македонските граѓани, да ни е вечна Македонија“, рече Тошковски.
Дополнителниот заменик министер, Митко Бојмацалиев, истакна дека изборите поминале во фер демократска и слободна атмосфера.
„Полицијата беше на својата задача и ги создаде сите предуслови за демократски чин. Честитки на директорот на Бирото за јавна безбедност. Честитки и до граѓаните кои не подлегнаа на притисоци, и на медиумите за транспаретноста“, изјави Бојмацалиев.
Македонија
Даштевски: Сега можеме да кажеме дека цензусот е исполнет, за претседател гласале 767.715 гласачи
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва извести дека одѕивот на претседателските избори е 46,31 отсто, а на парламентарните 53,30 отсто. До 18.30 пристигнати се податоци за одѕивот на претседателските избори од 3186 избирачки места. Од вкупно запишани 1.657.939 гласачи на овие избирачки места гласале 767.715 гласачи односно 46,31 отсто.
„Сега можеме да се кажеме дека е исполнет цензусот“, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
Најголем одѕив до 19 часот за претседателските избори има во Новаци со 72,76 отсто, а најмал одѕив во Липково со 7,35 отсто.
Споредено со првиот круг од претседателските избори во 2024 година има намалување од 3 отсто.
До 19 часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите за парламентарните избори од 3186 места. Од вкупно запишани 1.665.591 гласач на овие избирачки места гласале 887.767 гласачи односно 53,30 отсто. Најголем одѕив на парламентарните избори има во Новаци со 74,85 отсто, а најмал во Центар Жупа со 18, 62 отсто.
Споредено со парламентарните избори во 2020 година има зголемување на одѕивот од 7,43 отсто на овие избори.
Првични резултати од гласањето Даштевски најави дека ќе соопшти во 23,30 вечерва.
Македонија
„Македонија добива нов претседател и нова влада“, најави Муцунски
„Цензусот е постигнат. Македонија добива нов претседател и нова влада, предводена од Христијан Мицкоски“, напиша на социјалните мрежи, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.
Тој упати благодарност до граѓаните за поддршката, како и за нивниот придонес за мирни, фер и демократски избори.