Црна хроника
Уапсен дрвокрадец што дрвата ги превезувал во автомобил без регистарски таблички

На регионалнот пат Тетово-Скопје, пред влезот во Ново Село, во попладневните часови на 11 ноември, полициски службеници од Тетово запреле автомобил „опел астра“ без регистарски таблички, управуван од 62-годишник од скопското село Бојане.
Во автомобилот тој превезувал огревни дрва без потребните документи.
Како што информираат од МВР, автомобилот и дрвата биле одземени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, а 62-годишникот бил уапсен.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов 13-годишен роднина.
Како што соопшти МВР, ноќеска околу 01.00 часот во СВР Скопје, 46-годишниот Ч.Х. од Скопје пријавил дека на 28 јуни, околу 21.00 часот, неговиот син бил повреден на подрачјето на Бит Пазар.
„Се работи на расчистување на случајот, а се преземаат соодветни мерки за утврдување на сите околности“, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, сторителот е 13-годишник со кого жртвата е во роднинска врска. Засега не се познати мотивите за нападот, а полицијата води истрага.
Топ
Девојка (27) пронајдена мртва во Дебарско Езеро, Обвинителството истражува

Телото на 27-годишната С.А. од Дебар вчера беше пронајдено во водите на Дебарското Езеро.
Како што информираше ОВР Дебар, околу два метри од брегот на езерото, во близина на пумпната станица било пријавено за пронајдено тело во водите на езерото.
На местото веднаш пристигнале полициски екипи и јавен обвинител, кој наредил да се изврши увид и дополнителна истрага. Присутниот лекар од Општата болница во Дебар ја констатирал смртта, при што не биле пронајдени видливи траги на насилство.
По наредба на јавниот обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Од ОВР Дебар велат дека сите околности поврзани со случајот се предмет на натамошна истрага, а јавноста ќе биде информирана по добивањето на резултатите од обдукцијата.
Црна хроника
1624 семки канабис одземени од велешанец при претрес на неговиот дом, полицијата го уапси

Полицајци од одделот за недозволена трговија со дрога го уапси 41-годишниот (Т.Б.) од Велес. По издадена судска наредба тие при претрес во неговиот дом пронајдоа и му одзедоа кафена прашкаста материја, 1624 семки канабис и остатоци од зелена растителна материја, извести полицијста
(Т.Б.) е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.