Свет
Трамп со твит за состојбите во Калифорнија ги разгневи пожарникарите и славните личности
Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија.
Како што соопшти Си-ен-ен, Трамп со пораката предизвикал гнев кај сите шефови на противпожарните одделенија. Неговата порака гласи: „Нема друга причина за овие масивни, смртоносни и скапи шумски пожари во Калифорнија, освен дека стопанисувањето со шумите е многу лошо. Милијарди долари се даваат секоја година, со толку многу изгубени животи, а сето тоа поради катастрофално лошото стопанисување со шумите. Исправeте го тоа веднаш или нема веќе федерални плаќања по оваа основа“.
There is no reason for these massive, deadly and costly forest fires in California except that forest management is so poor. Billions of dollars are given each year, with so many lives lost, all because of gross mismanagement of the forests. Remedy now, or no more Fed payments!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 10, 2018
Во Калифорнија на власт се демократите, кои се редовна цел на Трамп.
Противпожарните службеници бргу му возвратија на Трамп поради, како што велат, навредата на пожарникарите и политизирањето на оваа природна катастрофа.
„Неговите коментари беа невнимателни и навредливи за сите пожарникари и луѓето што се погодени“, рече претседателот на Меѓународната асоцијација на пожарникарите, Харолд Шејтбергер.
Исто така, реагира и претседателот на Здружението на пожарникари од Калифорнија, кој пораката на претседателот ја нарече напад врз сите мажи и жени во оваа сојузна држава.
Реагираа и повеќе луѓе од јавниот свет.
„Причината поради која пожарите се проширија се климатските промени и историската суша. Помошта за жртвите и напорите за ублажување на штетите од огнената стихија во оваа држава не смее да се сведат на партиски престрелки“, рече актерот Леонардо ди Каприо.
„Ова е апсолутно бездушен одговор. Во оваа катастрофа не е вмешана никаква политика. Додека вие твитате, добрите американски семејства, кои ги загубија своите домови, се евакуираат“, наведе пејачката Кети Пери.
Трамп, сепак, подоцна посвети и еден твит во кој ги пофали пожртвуваните пожарникари.
More than 4,000 are fighting the Camp and Woolsey Fires in California that have burned over 170,000 acres. Our hearts are with those fighting the fires, the 52,000 who have evacuated, and the families of the 11 who have died. The destruction is catastrophic. God Bless them all.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 10, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

