Свет
Нигериски азилант обвинет за обид за силување во Италија се соочува со депортација

Деветнаесетгодишен Нигериец е обвинет за сексуално насилство и за спротивставување при апсење кога се обидел да ја силува директорката на центарот за сместување во кој престојувал во северна Италија, пренесува „Брејтбарт“.
Нигериецот се обидел да ја силува директорката на центарот во Бресаноне, Италија, минатиот петок, но бил прекинат од карабинерите, кои реагирале на повик од центарот. Азилантот, наводно, му се спротивставил на апсењето, но на крајот бил совладан и сега е во затвор во очекување на одлуката на судиите.
Ако биде прогласен за виновен, ќе се примени новата безбедносна уредба според која ќе биде спроведена итна процена на барањето за азил на престапникот и веројатно до негово протерување од земјата. Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, ја искористи оваа можност за да ја истакне важноста на новиот декрет што го носи неговото име.
„Сега, благодарение на уредбата на Салвини, протерувањето е мерка предвидена за случаите како овој“,изјави тој во неделата.
Во саботата неколку илјади демонстранти, многу од нив мигранти, маршираа низ Рим во знак на протест поради одлуката на Салвини обвинувајќи ја популистичката италијанска влада за расизам. Демонстрантите носеа и знамиња и транспаренти со кои се повикуваше на прифаќање на сите мигранти што пристигнуваат на италијанските брегови истовремено осудувајќи ја владата за нејзините расистички мерки.
Претставниците на невладините организации и на социјалните центри маршираа заедно со мигрантит, повторувајќи ја својата порака дека нема помогнат во протерувањата и иселувањата на мигрантите.
„Маршираме против неконтролираниот расизам, фашистичката закана, насилството врз жените, хомофобијата и против секоја дискриминација“, рекоа организаторите за локалните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Иран има многу проблеми и сака да преговара

Американскиот претседател, Доналд Трамп, разговараше со новинарите на тревникот во Белата куќа. Тој беше прашан дали САД се поблиску до напад на иранските нуклеарни постројки.
„Навистина мислите дека ќе одговорам на тоа прашање? „Дали ќе го нападнете иранскиот нуклеарен објект и точно во колку часот, господине ќе го нападнете?“
Тој додаде: „Не знаете дали воопшто ќе направам нешто. Не знаете. Можеби ќе направам. Можеби нема да направам“. Тој вели дека „никој не знае што ќе направат“, но дека може да го каже ова: „Иран има многу проблеми и сака да преговара“. „И јас им реков: „Зошто не сакавте да преговарате со мене пред сета оваа смрт и уништување? Зошто не дојдовте? Им реков на луѓето: зошто не преговаравте со мене пред две недели?“
Тој рече и дека Иран дури и предложил да дојде во Белата куќа.
„Тие имаа лоши намери. Знаете, 40 години велат: смрт на Америка, смрт на Израел, смрт на кој било друг што не го сакаат, каде било“, додаде.
„Насилници. Беа како насилници на училишното игралиште. Но ќе видиме што ќе се случи“. Тој исто така рече дека „ништо не е готово додека не заврши“ и дека војната е „многу сложена“. „
„Не би рекол дека сме победиле“, рече тој. „Но, би рекол дека сигурно постигнавме огромен напредок. И ќе видиме. Следната недела ќе биде многу важна. Можеби помалку од една недела, можеби порано“.
Свет
(Видео) Нов напад на Израел врз Иран

Израелската армија соопшти дека Техеран повторно е нападнат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нивните воздушни сили напаѓаат воени цели во областа Техеран. Иранската револуционерна гарда објави дека неколку проектили ги погодиле северните и источните предградија на Техеран.
Новинската агенција Фарс јавува дека експлозии се слушнале во градот Карај, западно од Техеран. Во извештајот се додава дека противпожарните и спасувачките возила се на терен, во близина на аеродромот Пајам. На социјалните мрежи кружат снимки од нападот.
An Israeli airstrike targeted the Iranian Public Security Police, FARAJA, Headquarters, located on Rashid Yasemi Street in the capital Tehran. pic.twitter.com/5b1ccweOQX
— OSINTWarfare (@OSINTWarfare) June 18, 2025
„Израелските воздухопловни сили го уништија седиштето на иранската внатрешна безбедност“, објави израелскиот министер за одбрана. „Торнадото сè уште го погодува Техеран“, изјави Израел Кац.
„Воените авиони сега го уништија седиштето на внатрешната безбедност на иранскиот режим, главниот репресивен апарат на иранскиот диктатор“.
‼️🚨⚡️An Israeli air strike on Tehran police headquarters on Rashid Yasemi Street. pic.twitter.com/Z6WcLHA26f
— MOSCOW NEWS (@MOSCOW_EN) June 18, 2025
Иранската државна телевизија Прес ТВ објави дека израелски воздушен напад погодил област во близина на објектот на Црвената полумесечина во Техеран.
„Израелски напад беше пријавен во близина на објектот на Црвената полумесечина во Техеран“, се вели во соопштението на Прес ТВ на Телеграм.
Непосредно пред објавувањето на веста за нападот, израелската војска објави дека нејзините воздушни сили изведуваат напади врз „воени цели на иранскиот режим во Техеран“.
JUST IN: The Police Command Headquarters in Tehran, Iran, was just hit by an attack.#Israel #Iran pic.twitter.com/LtQvl5cAWe
— X News (@X_News09) June 18, 2025
Свет
Тие што не’ познаваат знаат дека е подобро да не ни се закануваат, рече иранскиот врховен лидер

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска предупреди дека секое директно вклучување на САД во конфликтот меѓу Иран и Израел ќе има непоправливи последици.
„Ционистичкиот ентитет (Израел) направи голема грешка и ќе се соочи со последиците“, рече Хамнеи во телевизиско обраќање.
Тој додаде дека Иран нема да го прости нарушувањето на неговиот воздушен простор или пролевањето на крвта на неговите, како што ги нарече, маченици.
„Оние кои ја знаат историјата на Иран и народот знаат дека е подобро да не се закануваат“, рече Хамнеи и нагласи:
„Американците мора да разберат дека секоја воена интервенција несомнено ќе предизвика сериозна, непоправлива штета. Тие мора да знаат дека Иран нема да се предаде и дека секој американски напад ќе ги чини скапо – во форма на сериозни и непоправливи последици“.
Регионалните тензии ескалираа од петокот, кога Израел изврши воздушни напади на повеќе локации низ Иран, вклучително и воени и нуклеарни постројки, што го натера Техеран да возврати.