Контакт

Крвав четврток

„Бидете на штрек”, му вели Вељаноски на обвинетиот Ѓошевски на 27 април пред упадот во Собранието

Објавено пред

На една од СМС-пораките од одземениот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, со шефот на неговото обезбедување и обвинет за 27 април, Горан Ѓошевски, се чита како Вељаноски уште од 17.48 часот го предупредува Ѓошевски да бидат на штрек, на што шефот на обезбедувањето му враќа на пораката со „да“.

dobivaj vesti na viber

Една минута потоа Горан Ѓошевски му испраќа порака на Трајко Вељаноски со содржина: „Сите знаат, и од МВР“ по што следува уште една порака со содржина: „Пред салата се сите од внатрешното обезбедување“, на што Вељаноски му одговара на Ѓошевски двајца или тројца луѓе од обезбедувањето да влезат во салата и да не дозволуваат никој да му седне на столчето.

„Кажи му на внатрешното да влезат два-тројца внатре и да не дозволуваат да седнат на моето место“, напишал Вељаноски до Ѓошевски на 27 април 2017 година во 18.04 часот.

Судењето за случајот од 27 април денеска продолжува со прикажување телефонски СМС и вибер-пораки од одземени и вештачени мобилни телефони, меѓу кои е и мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

СМС-пораките ги презентира Јавното обвинителство.

Виктор Јованов

Крвав четврток

Автомобил излета од патот кај Градско, тешко повредена 70-годишна жена

Објавено пред

Вчера на експресниот пат Дреново–Градско, во близина на приклучокот за автопатот Градско-Велес, автомобил со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(74) од Прилеп, излетал од коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Љ.А.(70) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник Ц.Б.(65) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Велес

Извршен бил увид.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Објавено пред

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се дели на дел од обвинетите, тврдат дел од адвокатите, кои коментираат дека максималниот рок за нејзиното изготвување е 60 дена, а дека таа е готова по повеќе од 90 дена, најверојатно поради обемноста.

dobivaj vesti na viber

Рокот за жалба е 15 дена, што според некои од адвокатите е прекраток период за да се прочита, да се анализира и да се состави квалитетна жалба.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за крвавиот четврток.Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Началникот Митко Пешов, началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна. Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Оливер Поповски, полициски службеник, е осуден на 13 години затворска казна, Оливер Радулов на 10 години, Мунир Пепиќ, вработен во Агенција за разузнавање е осуден на 15 години затвор.

Абдуљфета Алими, член на обезбедувањето на Собранието е осуден на 7 години, Младен Додевски на 12 години, Јане Ченто на 15 години затворска казна, Горанче Анѓеловски на казна затвор од 12 години, Игор Југ на 12 години. Влатко Трајковски е осуден на казна затвор од 15 години, Вилјам Михајловски е осуден на затворска казна од 14 години, Никола Митревски Кољо е осуден на 15 години и Александар Василевски-Нинџа е осуден на затворска казна од 8 години.

По донесувањето на Законот за амнестијата на Собранието, 15 лица во овој случај беа помилувани и за нив беше прекината постапката. Меѓу нив беа и пратениците што ги отворија собраниските врати за да влезе толпата во законодавниот дом – Сашо Василевски и Крсто Мукоски, како и тројца од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски – Бетмен, режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Поднесено обвинение против Јанакиески, Вељаноски, Ристовски и Атанасовски за организирање на упадот во Собранието

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, експретседателот на Собрание Трајко Вељаноски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски осомничени дека се организатори на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

dobivaj vesti na viber

На четворицата им се става на товар дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

За експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бегство во Грција, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.

„Наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето За заедничка Македонија што кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието“, соопштија од Обвинителството.

Критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување насилство.

Во соопштението се наведува дека во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети.

Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот Жена борец донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард-дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Мицкоски: Очекуваме во вториот круг бројката на гласови за Орце Ѓорѓиевски да биде околу 125-130 илјади

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Валандово, во рамки на вториот круг од локалните...

Македонија4 часа

Често миење раце, фрлање ѓубре со ракавици и дезинфекциски бариери во училиштата, препорачаа лекарите од ИЈЗ

Засега не е регистриран пораст на заболувања што може да бидат предизвикани од натрупаното ѓубре на улиците во Скопје, велат...

Македонија7 часа

(Видео) Mециновиќ за отпадот во Скопје: Владата намерно го остави градот да дојде до колапс за потоа да се прикажува како херој

Амар Мециновиќ, кандидатот на Левица зa градоначалник на Град Скопје во вториот круг на локалните избори, со предупредување за алармантната...

Македонија7 часа

М-НАВ: Тасевски призна дека штрајкот што го најави беше незаконит и свесно спроведува атака

На 22.10.2025 година М-НАВ АД Скопје преку правниот застапник адвокат Горан Николовски одржа прес-конференција, на која беа презентирани ставовите и...

Македонија8 часа

Tримесечна специјализирана обука: Лекарската комора го условува продолжувањето на лиценцата на д-р Кузмановски

Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора го разгледала поднесеното барање за продолжување на лиценцата за работа на...

Македонија8 часа

Каде скопските градоначалници го одлагаат собраниот отпад, прашуваат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје спроведе активности за собирање и транспорт на...

Македонија9 часа

Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња, нивното дислоцирање од една во друга општина е сурова и опасна пракса, порачуваат од „Анима мунди“

Во последниот период сведочиме на повторливи, систематски и сурови случаи на дислоцирање цели легла и глутници кучиња во градот Скопје...

Македонија11 часа

Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин

Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово,...

Европа12 часа

(Видео) Акција на украинските падобранци: ослободија село, заробија 50 Руси

Украинските воздушни напаѓачки сили го ослободија селото Кучерив Јар во Донецката област, заробувајќи повеќе од 50 руски војници и спасувајќи...

Свет13 часа

Ким Џонг-ун: Ниту доминацијата ниту тиранијата не може да ги прекинат врските со Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека воениот сојуз меѓу неговата земја и Русија ќе напредува непрекинато, објави државната медиумска агенција...

Свет14 часа

Белата куќа: Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател следниот четврток

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател Кси Џинпинг следниот четврток, соопшти Белата куќа. Трамп ќе присуствува...

Европа14 часа

(Видео) Се појави нова снимка од бегството на крадците од „Лувр“

Се појави неверојатна снимка од двајцата крадци кои лежерно бегаат од Лувр откако украле француски крунски скапоцености во вредност од...

Европа14 часа

Мерц: Ќе разговарам со Американците, се надевам дека „Роснефт“ ќе биде ослободен од санкциите

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека претпоставува дека германското делување во Роснефт ќе биде исклучено од американските санкции наметнати врз...

Македонија23 часа

Коалиции се градат со вредности, не со етнички поделби, му порача Мицкоски на Касами кој најави поддршка за ДУИ во Кичево

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираше на изјавата на лидерот на Беса од „Влен“, Билал Касами, кој во интервју за...

Македонија1 ден

За Мицкоски предвремените избори се непотребни, но на oпозицијата и’ порача: „Внимавајте што посакувате, можеби ќе ви се исполни“

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба се осврна на...

Македонија1 ден

Даниловски алармира: Глувците во Скопје шират ризик од болести, преминат е Рубиконот, потребна е итна интервенција

Епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски предупреди дека Скопје се соочува со закана за јавното здравје, повикувајќи на итна, координирана интервенција...

Македонија1 ден

Независниот кандидат Милосим Војнески се повлече од вториот круг во Македонски Брод

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Македонски Брод, Милосим Војнески, објави дека се повлекува од изборната трка пред вториот круг...

Македонија1 ден

Не сакаме да се повтори сценариото со Арсовска, ние сме тука за скопјани, не за поединци, рече Мециновиќ

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција изјави дека партијата бележи значителен раст...

Македонија1 ден

Скопските лихвари им ги одземале имотите на оние кои не можеле да ја вратат позајмицата, каматата била и до 15 отсто месечно

Полицијата спроведе координирана акција на повеќе локации низ Скопје и приведе 11 лица осомничени за лихварство и перење пари, а...

Македонија1 ден

Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација, во...