Македонија
Хуманитарна забава во Домот на културата во Ѓорче Петров за Христина Митревска

Општина Ѓорче Петров ќе го одбележи утрешниот ден, 14 ноември, Денот на ослободувањето на Ѓорче Петров, со серија настани со мотото „Скопје слободно – Ѓорче гори“.
Во текот на целиот ден предвидени се серија активности, некои од нив со спортски и хуманитарен карактер. Во 11 часот во реонскиот парк во Ѓорче Петров предвидено е оддавање почит на споменикот на нашиот херој, со положување цвеќе од страна на делегации. Во 12 часот, пак, во Домот на културата ги вклучуваме најмладите во празникот на општината. Организирани се детскиот фестивал „Соната“ и литературно читање.
Попладнето, односно од 18 часот, во спортската сала „Христо Батанџиев“ во ООУ „Тихомир Милошевски“ во Ѓорче Петров, ќе биде одигран натпревар во мал фудбал – општинска администрација и членови на Советот против вработени во Полициската станица Ѓорче Петров.
Вечерта, пак, со почеток од 20 часот, во Домот на културата втора година по ред организирана е хуманитарна забава со слободен влез, на која ќе биде поставена кутија за донации. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на малата Христина Митревска од Ѓорче Петров, која боледува од ретка генетска болест – хронична атипична неутрофилна дерматоза и потребна ѝ е помош. За добрата атмосфера задолжен ќе биде диџеј Бабура Јуниор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.