Македонија
ДОМ предлага намалување на ДДВ за парното и со телескопски камери да се лоцираат загадувачите на воздухот
Со цел да се намали загадувањето на воздухот во градовите, партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) предлага сет од девет итни мерки наведени во соопштение до јавноста. Од оваа политичка партија, која како зелена е посветена на заштитана на животната средина, предлагаaт:
1. Интензивни инспекциски контроли врз можните извори на штетни емисии, особено на индустријата, сервисите, дивите депонии и стрништата од страна на Државниот и локалните инспекторати;
2. Набавка на опрема за снимање (телескопски камери) и поставување на високите објекти во градовите за да се лоцираат изворите на штетните емисии по примерот на Белград;
3. Намалување на ДДВ за надоместокот за парно греење од 18 на 5 отсто за да се зголеми бројот на корисници, а со тоа да се намали емисијата на ПМ 10-честичките;
4. Воведување посебна програма за квалитет на воздухот во Министерството за животна средина и просторно планирање (со посебна буџетска ставка) за да се обнови мрежата на мониторинг-станици, да се опреми акредитирана централна лабораторија и други активности;
5. Субвенции на домаќинствата за топлински пумпи, инвертер клима-уреди и други чисти технологии;
6. Замена на греењето со нафта во градинките, училиштата, здравствените и други јавни објекти со греење на гас, топлински пумпи и други чисти технологии;
7. Воведување добра градежна пракса во градежништвото (оптимизација на работата на машините заради заштеда на горивото; покривање на песокот и чакалот со фолија; прскање со вода; миење на гумите на возилата и друго). Во деновите со екстремно загадување да се стопираат градежните работи во градовите;
8. Во сообраќајот да се поттикне користењето јавен транспорт преку: набавка на нови автобуси и воведување нови линии, намалување на цената на месечен автобуски билет во зимските месеци 50 отсто и воведување зелен дневен билет што важи за сите правци, зголемување на цената за паркинг во општина Центар 100 отсто, воведување зонско паркирање и наплаќање паркинг во сите општини, како и подобрување на проточноста на сообраќајот и намалување на времето на чекање на раскрсници преку воведување приоритетна лента за автобуси и управување со семафорите;
9. Редовно миење на улиците, редовно собирање на отпадот и чистење на дивите сметлишта од страна на јавните комунални претпријатија.
Со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на здравјето ДОМ исто така апелира до граѓаните да не горат јаглен, отпадно масло, пластика, гуми, отпадоци од боено, лакирано дрво или медијапан, да користат јавен градски транспорт и велосипеди или, пак, при превоз со автомобил да користат споделен превоз (повеќе патници во еден автомобил).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

