Свет
Проектил од Газа пеплоса автобус на израелските одбранбени сили
На интернет беше објавено видео на кое е прикажан израелскиот воен автобус кој бил погоден со противтенковска ракета во близина на границата во Газа. Нападот се случил за време на брзата ескалација на насилството меѓу Израел и Хамас, пренесува РТ.
Видеото објавено во понеделникот почнува со долг бел автобус паркиран зад дрвја откако десетици војници на израелските одбранбени сили (ИДФ) се симнале од него.
Автобусот потоа почнува да се движи и кога ќе излезе на отворено, одеднаш е погоден со наведувана противтенковска ракета.
Возилото веднаш експлодира и е покриено со црн чад, а неколку парчиња од него летаат високо во воздухот. Остатоците од автобусот бргу се зафатени со пламен. Еден 19-годишен израелски војник бил сериозно повреден за време на нападот, објави армијата.
Инцидентот се случил за време на најновата размена на напади меѓу Хамас и Израел. Околу 370 ракети беа лансирани кон Израел од Газа, од кои 100 беа пресретнати. За возврат израелските борбени авиони бомбардираа повеќе од 70 цели во Газа, а армијата спроведе рации преку границата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

