Македонија
Апел за помош на Цаци, која боледува од тумор

Пред една година, по преживеан епилептичен напад, на ѝ Цаци беше дијагностицирана глиобластома – малигнен тумор во моторниот кортекс, од левата страна на главата.
По итна хируршка интервенција, проследена со радиотерапија и девет циклуси на хемотерапија, резултатите упатуваа кон позитивен исход, меѓутоа на последниот преглед туморот повторно се појавил и напредува со голема брзина.
На Цаци во моментот ѝ е потребна итна втора хируршка интервенција, која повторно ќе биде во Скопје, Македонија. Поради тоа што ова е еден од најагресивните форми на канцер, единствената шанса е лекувањето во специјализираната клиника на универзитетот во Тексас, MD Anderson Cancer Center, каде што процената за нејзиното лекување е околу 200.000 долари.
„Ве замолуваме сите што можете, заедно да ѝ помогнеме на Цаци да ја победи болеста затоа што нејзината борба е и наша борба. Донации може да се вршат преку GoFundMe и преку сметката за Цаци на Стопанска банка, со број 200003381608851“, се вели во апелот за помош.
За уплати од странство ставени на располагање се следниве девизни сметки:
IBAN:
MK07200003381613507 USD
MK07200003381611470 EUR
SWIFT Code, BIC Code: STOBMK2X
Исто така активна е и телефонска линија за донации на Vip: 143 483
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од населбата Драчево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе остане дел од населбата Драчево.
Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Маркова Река во населба Драчево, општина Кисела Вода, ќе останат без струја.
Македонија
Сончево и ветровито време, температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во следните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.