Свет
Рускиот амбасадор во ЕУ предупреди дека е можно САД да распоредат проектили во Европа
САД ризикуваат да предизвикаат драматични настани во Европа ако одлучат да распоредат нови проектили во Европа по повлекувањето од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ), рече рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов, во интервју за „Фајненшел тајмс“.
„Кои се следните планови на американската администрација кога ќе го напуштат ИНФ? Ако планираат да распоредат проектили во Европа, тоа може да доведе до драматични настани во цела Европа – вклучително и во домашната политика“, изјави Чижов за весникот.
Според Чижов, Европа е главен корисник на Договорот за ИНФ и затоа е странка што најмногу ќе биде погодена од поништувањето на Договорот.
„Тоа беше евидентно во 1987 година и продолжува да биде: големиот победник беше Европа бидејќи беше местото каде што беа распоредени американски проектили со среден и пократок дострел и следствено на тоа беше цел на слични советски ракети“, објасни Чижов.
Говорејќи за можната ревизија на Договорот за ИНФ, Чижов го отфрли предлогот на САД да ја покани Кина да се приклучи кон ревидираниот договор велејќи дека Русија, која има граница со Кина, има повеќе причини да биде загрижена поради ракетната програма на Пекинг.
САД и Русија постојано се обвинуваат за кршење на Договорот за ИНФ. Москва изјави дека САД извршиле лансирање проектили „томахавк“ во Романија и Полска, што било забрането со Договорот. Русија исто така укажа на фактот дека Вашингтон развива борбени беспилотни летала и финансира истражувања за развој на крстосувачки проектил лансиран од копно. Во меѓувреме руските власти повеќепати истакнаа дека строго ги почитувале обврските наведени во Договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

