Црна хроника
33-годишен скопјанец физички бил нападнат поради паричен долг
33-годишниот скопјанец М.И. во Полициската станица во Центар пријавил дека истиот ден околу 14 часот пред железничката станица во Скопје две лица го внеле во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ и се упатиле кон Марков манастир.
Имено, како што соопштија од полицијата, лицето З.Џ. го внел во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ и заедно со З.И. се упатил кон Марков манастир. Притоа, З.Џ. и З.И., поради паричен долг на М.И. кон З.Џ., му упатувале закани, а во близина на Марков манастир З.Џ. физички го нападнал М.И., велат од полицијата.
Од МВР посочија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Ја затворил поранешната девојка: ја удирал со тупаници и клоци, ја влечел за коса: распишана потерница по 40-годишник
Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и став 1, како и Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 21 октомври 2024 година, обвинетиот при семејно насилство и на свиреп начин противправно на сила ја држел затворена својата поранешна партнерка во викенд-куќа во атарот на селото Нижеполе. Притоа ја удирал со тупаници, шлаканици и клоци по главата и телото, ја влечел за косата и телесно ја повредил. Неможејќи да го издржи насилничкото однесување, жртвата посегнала по нож и си ги пресекла вените на левата рака. И покрај тоа, обвинетиот продолжил да ја удира и да ја малтретира.
Од самиот почеток на кривичната постапка, по предлог на јавниот обвинител, на обвинетиот му е определена мерка притвор која треба да започне да спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Со поднесеното обвинение сега, обвинителството бара притворската мерка да опстои, иако лицето се уште е недостапно за органите на прогонот. Исто така, јавниот обвинител веќе има издадено наредба за распишување на национална потерница и ги презеде сите дејствија неопходни за евентуална екстрадиција на лицето доколку се утврди дека се наоѓа во друга држава, соопштија надлежните.
Црна хроника
Уапсена битолчанка: крадела во продавница
Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во 16.00 часот во продажен објект во Прилеп, ја лишиле од слобода Р.И.(41) од Битола.
Таа била затекната при вршење кражба во објектот, при што одзела повеќе производи.
По целосно документирање на настанот против неа ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен крадец од Штип: претепал едно лице, му ги оштетил возилото и прозорците од куќата
Вчера околу 00.05 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.П.(37) од Штип.
Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во куќата на В.Д.(58) од Штип, при што физички го нападнал М.К., роднина на сопственикот, со тврд предмет го оштетил неговото возило, како и неколку прозорци од куќата.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.