Соопштенија
ЛП предлага укинување на акцизата за увоз на нови автомобили и бесплатен автобуски превоз

Либералната партија смета дека со воведувањето црвена, жолта и зелена еколошка налепница за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето. Според партијата, ќе се удри по најсиромашниот слој граѓани што својата последна заштеда ја искористиле за купување сопствено возило, кое во 21 век претставува потреба, а не луксуз.
„Загадувњето прикажано на мерните станици покажува најголеми бројќи на загадување во часовите по полноќ, период во кој низ главниот град има минорен број возила. Затоа, сметаме дека одговорноста треба да се бара во дивите депонии, потпалувачите на отпад и фабриките. Бараме да се извршат темелни промени во сите институции поврзани со отпад“, велат од ЛП.
Според нив, ниту субвенционирањето на електрични и хибридни возила не претставува долгорочно решение.
„ЛП предлага Владата да ја укине акцизата за увоз на нови автомобили, товарни возила и механизација во наредните две години, со што за краток период граѓаните ќе се ослободат од старите возила и на тој начин ќе се придонесе во обновувањето на возниот парк во Република Македонија. Исто така, предлагаме во деновите со загадување над максималната границата автобускиот превоз да биде бесплатен за сите граѓани на РМ“, велат од таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Мицкоски: Корумпираните политичари кои не бираат средства да се дограбат до фотелјата, не треба да бидат на политичката сцена

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Конче кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ укажа дека кандидатот за Конче, Златко Ристов ќе направи се за жителите на Конче, за подобри услови за живот.
Мицкоски укажа дека е вообичаено да се стави акцент на локалните теми, но оти мора да се споменат непринципиелните коалиции.
Според него треба да се гласа така за да се стави крај на корупцијата и корумпираните политичари.
„Корумпираните политичари кои не бираат средства да се дограбат до фотелјата, а истовремено да ја омаловажуваат Македонија не треба да бидат на политичката сцена. Сетете се само какви понижувања им приредија на граѓаните и на Македонија“, кажа Мицкоски.
Оттука, укажа Мицкоски, овие избори се помеѓу две опции непринципиелна коалиција меѓу Венко, Али и Димче и од друга страна коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која е за право, правда, достоинство, подобар живот.
„Значи или гласаме за назад кога се ограбуваше народот и државата, или за коалицијата која 15 месеци се бори да и врати се на државата и граѓаните. Затоа гласате за вас, вашето место, вашата иднина. Да излеземе масовно и да пратиме силна порака дека сме против ограбувањето на Македонија. Да излеземе и заедно да гласаме за број 9“, заклучи Мицкоски.
Соопштенија
Ристов: Во Конче најмладите ќе останат во фокусот, ќе обезбедиме бесплатен училишен прибор за секое првоодделенче и стипендии за најдобрите ученици и студенти

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Конче, Златко Ристов на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се осврна на досега сработеното во изминатите четири години.
Ристов истакна дека сега е време да се продолжи со нови проекти, за уште посилен развој и уште подобри услови за сите генерации, при што главен фокус ќе бидат младите.
Паралелно со вложувањата во најмладите, Ристов истакна дека ќе се вложува и во патната инфраструктурата, како и во водоводната и канализационата мрежа.
„Ќе изградиме потисен цевковод и резервоар за водоснабдување во с. Долни Липовиќ, реконструкција на системите за водоснабдување во населените места: Лубница, Горни Липовиќ. Дедино, Конче, Ракитец, ќе ги доизградиме системите за фекална канализација во Конче, Горни Липовиќ, Ракитец и Долни Липовиќ. Ќе се направи рехабилитација на локалниот пат Габревци-раскрсница Лакавица во должина од 6km, како и реконструкција на патот, прв дел од Пиперево до Гарван во должина од 3km“, рече Ристов, додавајќи дека за овие проекти ќе се обезбедат средства од општинскиот буџет, како и од буџетот на Република Македонија.
Соопштенија
Ружински: Изработка на нов генерален и детален урбанистички план за Берово

Изработка на нов генерален и детален урбанистички план за Берово најави Петар Ружински, кандидат за градоначалник на Општина Берово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Плановите по кои се развива нашето Берово се стари повеќе од 30 години, уште од 1992 година. Тие веќе не одговараат на нашите потреби и се причина за урбаниот хаос и проблемите со кои се соочуваме секојдневно. Затоа, изработката на комплетно нов генерален и детален урбанистички план е наш клучен приоритет. Ова значи дека конечно ќе ставиме ред. Ќе дефинираме каде има нови паркови и зеленило, каде ќе се градат улици, паркинзи и како ќе го заштитиме највреден ресурс, природата. Ова е темелот за паметен и одржлив развој“, рече тој.