Македонија
Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од судот да им биде изречен притвор, информира денеска обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова.
„Во текот на вчерашниот ден добивме информации, според кои, не само осомничениот Никола Груевски, кој се даде во бегство, туку за бегство се подготвуваа на ист начин и Кирил Божиновски и Миле Јанакиески“, рече Стефанова.
Доцна синоќа кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кој ги уважи предлозите на СЈО наместо досегашните мерки за присуство, патни исправи и објавување во судот, да им изрече 30 дена притвор.
„Причините дека постои опасност за бегство ги истакнав уште при поднесувањето на обвинителниот акт, но кривичниот совет одлучи дека треба да им се применат поблаги мерки.
Од овие причини баравме мерка притвор, доколку добиеме информации, тоа ќе го бараме и за другите, рече Лиле Стефанова. Таа побара на експремиерот Груевски да му се суди во отсуство.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поставени електрични огради за заштита на земјоделците и пчеларите во Шар Планина

Министерството за животна средина и просторно планирање го презеде првиот практичен чекор во спроведувањето на Националниот акционен план за кафеавата мечка, со поставување на соларни електрични огради за заштита на земјоделците и пчеларите во селата на Шар Планина.
„Овие модерни огради, финансирани од WWF Хрватска (Светски фонд за природата) и во соработка со Националниот парк „Шар Планина“, се поставени кај пет земјоделци и пчелари кои се соочуваат со штети предизвикани од диви животни како мечките и волците. Целта е јасна: да се заштитат добитокот, пчеларството и земјоделските култури, со намалување на конфликтите помеѓу луѓето и дивите животни. Оваа превентивна технологија со години успешно се користи во земјите на Европската Унија и претставува одржливо решение кое ги почитува потребите на заедницата и природата“, велат од Министерството.
Спроведувањето на овој план е дел од ИПА проектот на Европската Унија.
Македонија
Талески за Алиу: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер за здравство, власта ќе постави информатичар кој веројатно нема поим колку болници има во државата, колку здравствени домови има, а камоли да знае што навистина му е потребно на здравството, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниска седница.
Тој се осврна на изјавите на премиерот Мицкоски, како и на потегот на власта, која, за да го оправда именувањето на Алиу за министер, вели дека најважен приоритет на оваа влада ќе биде дигитализацијата во здравството.
„Човекот нема никаква врска со здравството. Дигитализацијата е важна, но многу поважна е грижата за здравјето на граѓаните. Господине Мицкоски, јас би ви предложил да заминете во Кочани – кај родителите и сите повредени деца и млади во трагичниот случај – и да им кажете: ’не се грижете, не е важно што нема соодветна нега за нивните повреди, не е важно што немаат соодветни услови за лекување, не е важно што нема стручен медицински персонал, што немаат соодветни ракавици, што за основни материјали мора да се снабдуваат со донации – важно е што наш приоритет ќе биде дигитализацијата на здравството“, рече Талески.
Тој потенцираше дека овој предлог на владејачката коалиција е срамен, а премиерот на сите дискусии од денешната седница се спротивставува со ароганција, навреди, омаловажувања, закани и негирања.
„За жал, таа ароганција не ја покажувате само кон пратениците од опозицијата. Она што најмногу ги боли граѓаните е што немате никаков однос на соработка ниту со семејствата на починатите и повредените во трагедијата во Кочани. Тажно е сознанието дека имаме премиер кој нема емпатија – ниту кон сопствениот народ, ниту кон најранливите, ниту кон жртвите. Единствено се грижи за сопствениот рејтинг и рејтингот на неговата партија. Тоа го видовме и во денови на најголема тага за Македонија, кога ДПМНЕ најми ПР агенција што ќе се грижи за нивниот имиџ. Замислете, во моменти на национална трагедија, да плаќате агенција за односи со јавност“, рече Талески.
Македонија
Општина Ѓорче Петров објави повик за субвенции за велосипед

Општина Ѓорче Петров денеска го објави јавниот повик за доделување субвенции за купување нов велосипед.
Вредноста на субвенцијата изнесува 50% од вкупната цена на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, вклучително и данок на личен доход – информираат од Општината.
„Право на користење на средствата имаат жителите на Општина Ѓорче Петров кои ќе купат нов велосипед на територијата на Република Македонија во периодот од 01.01.2025 година до 30.06.2025 година или до исцрпување на предвидените средства“, појаснуваат од Општината.
Јавниот повик ќе трае до 30 јуни 2025 година, односно до исцрпување на буџетот предвиден за оваа намена во висина од 500.000 денари.
Пристигнатите барања ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, според датумот и времето на поднесување. Аплицирањето се врши во архивата на Општината, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот, во затворен плик со потребната документација.
„Со оваа мерка продолжуваме да ги поддржуваме здравите и еколошки навики на нашите сограѓани. Грижата за животната средина и поттикнувањето на физичка активност се важен дел од локалните политики“, изјави градоначалникот Александар Стојкоски.
Формуларите и целосниот јавен повик се достапни на веб-страницата на Општина Ѓорче Петров.