Македонија
„Анима мунди“ објави вознемирувачки фотографии за хајка на кучиња во Тетово

Здружението „Анима мунди“ објави вознемирувачки фотографии за хајка на кучиња во Тетово.
„Тетово денес. Рутинско чистење на кучињата во градот по видеoснимките излезени пред неколку дена на кои видовме група кучиња кои шетаат низ центарот на Тетово. Никој не бил виновен и не одговара што толку бездомни животни има на улиците.
Никој не е виновен и нема да одговара што употребил отров кој за 5 минути во најстрашни маки може да убие возрасен човек, а камоли дете. Видете ги, во сопствен измет и локви крв.
Никој не е виновен и нема да одговара што ги фрлил на улица, веројатно товарени во комбиња, префрлани од една општина во друга. Никој не е виновен и не одговара што се води хајка врз животните – само тие се виновни што се живи во Република Македонија“, соопштија од „Анима мунди“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од општина Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата 2 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.
Времето во наредните денови
Во петок и во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во опаѓање.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Денеска во временски период од 09:00 до 14:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот од центар на град Куманово по улицата 3-та МУБ, обиколница за Свети Николе, магистрален пат Куманово – Крива Паланка и по регионален пат Куманово граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде во прекин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.