Свет
Пет отсто од шведските осомничени извршиле четвртина од кривичните дела
Една студија на шведските организирани банди и екстремистички групи покажува дека само пет отсто од осомничените за кривични дела се одговорни за повеќе од една четвртина од пријавените злосторства, при што осомничените непропорционално се од семејства со мигрантско потекло.
Студијата објавена од Институтот за идни студии анализирала 15.244 лица поврзани со организиран криминал или со екстремистички групи, како ултралевичарските анархисти, неонацистичките екстремисти, радикалните исламски екстремисти и фудбалските хулигани, и откриле дека осомничените извршиле 25,6 отсто од злосторствата пријавени од 1995 до 2016 година, објави СВТ.
Според податоците, најголемата група осомничени – 5.693, кои најчесто се родени во Шведска од шведски родители, се од нелегалните моторџиски банди во Шведска. Втората по големина група од 5.094 осомничени е од ранливите подрачја на Шведска, кои често се нарекуваат зони на забранет влез, како што се предградијата Ринкеби и Теншта во Стокхолм или предградието Розенгард во Малме. Осомничените се најчесто родени во странство и немаат формална поврзаност со банди.
Шведскиот државен полициски комесар Дан Елијасон ја молеше владата за помош бидејќи бројот на забранети зони се зголеми од 55 на 61 за само една година.
Групата со најголем број членови родени во странство, со 72 отсто, е на исламските екстремисти, а групата со најголем број осомничени родени во Шведска со двајца шведски родители е на неонацистичките екстремисти, со 79 отсто.
Иако околу 70 отсто од вкупниот број осомничени се родени во Шведска, мнозинството се со странско потекло со најмалку еден или два родитела родени во странство. Од групите за организиран криминал, само моторџиските банди имаат мнозинство членови родени во Шведска со двајца шведски родители (56 отсто).
Просечната возраст на осомничените во сите групи е 26, а огромно мнозинство се мажи со екстремистички групи кои имаат повеќе жени отколку групите со организиран криминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Расте бројот на повредени во рускиот напад врз Киев
Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ.
„Вкупниот број на повредени во главниот град сега е 19, од кои 11 се хоспитализирани“, напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм.
-Има и штети на станбени згради, градилишта и претпријатија. Како резултат на нападите, една третина од Киев остана без греење, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха.
Русија синоќа нападна неколку региони, вклучувајќи ги Черниговската, Николаевската, Харковската и Житомирската област.
Свет
Белата куќа ја потврди средбата на Трамп со Зеленски за утре
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски утре на Флорида, соопшти Белата куќа.
Според распоредот на американскиот претседател, билатералните разговори ќе се одржат во 15 часот по локално време во Палм Бич, Флорида.
Белата куќа не издаде посебно соопштение во врска со ова, но во распоредот за викендот што го испрати до медиумите, го прецизираше времето за средбата меѓу Трамп и Зеленски за недела во 15 часот, пренесува „Њујорк тајмс“.
Повеќе детали не се соопштени. Зеленски овој состанок го најави вчера на социјалните мрежи.
Тој рече дека во таа пригода ќе претстави нов план од 20 точки за завршување на војната, кој вклучува предлог за демилитаризирана зона, а главен фокус на средбата ќе бидат безбедносните гаранции за Украина.
Свет
Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати
Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од балистички ракети. Русија лансираше повеќе хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ врз украинскиот главен град. Во нападот, најмалку 11 лица беа повредени, пишува „Киев Индепендент“.
Речиси една третина од украинскиот главен град е без греење, а во некои делови од Киев нема електрична енергија.
Kyiv is dying – just a few hundred kilometers from the NATO border.
All because Europe is led by the most cowardly and stupid politicians like Merz, Macron, Starmer, Meloni, and Tusk. pic.twitter.com/GqvmYbCwMf
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) December 27, 2025

