Свет
Пратениците во Шри Ланка му изгласаа недоверба на новиот премиер

Пратениците од Шри Ланка го усвоија барањето за гласање недоверба на новиот премиер на земјата, Махинда Раџапакса, прогласувајќи го неговото назначување за неважечко.
Поддржувачите на Раџапакса одбија да го прифатат гласањето за важечко втурнувајќи ја земјата во уште поголема политичка криза и засилувајќи ги стравовите дека политичките несогласувања може да доведат до нестабилност во земјата.
Ваквиот чекор дојде по ненадејната минатомесечна одлука на претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена, да го замени тогашниот премиер со контроверзниот Раџапаска, по што избувнаа и протести во кои загина едно лице.
Претседателот се обиде да го спречи гласањето со тоа што го распушти парламентот до 7 декември, но во вторникот Врховниот суд ја поништи контроверзната одлука на претседателот отворајќи пат за нови избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

РЕ-Дигитал
Tрамп тврди дека има купувач за „Тик-ток“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека пронашол купувач за апликацијата „Тик-ток“ во таа земја.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека пронашол група многу богати луѓе како потенцијален купувач за „Тик-ток“, чиј идентитет ќе го открие за околу две недели, пренесува „Ројтерс“.
На 18 јуни, Трамп по трет пат ја одложи забраната за апликацијата „Тик-ток“ во Соединетите Американски Држави, додека чека нејзиниот сопственик, кинеската компанија „Бајт денс“ да ја продаде социјалната мрежа.
Свет
Иран: Коментарите на Трамп за Хамнеи се навредливи и недостојни

Министерството за надворешни работи на Иран ги осуди коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп упатени до врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, и народот на Иран, оценувајќи ги како навредливи и недостојни, објавија иранските медиуми.
Се вели дека коментарите на Трамп „длабоко ги повредуваат чувствата на стотици милиони муслимани во регионот и низ целиот свет“, објави Иран Интернешнл.
Министерството процени дека коментарите на Трамп само ќе ja зголемат одвратноста и омразата „кон кратковидата политика на Америка и дополнително ќе ги дискредитираат нејзините тврдења за барање дијалог“.
Трамп во петокот изјави дека Хамнеи дал глупава изјава кога се заканил дека повторно ќе ги нападне американските сили во регионот откако Иран нападна американска база во Катар како одговор на бомбардирањето на нуклеарните постројки на Иран.
Регион
Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта.
Министерството додаде дека сообраќајот во српската престолнина сега може да се одвива нормално. Тие тврдат дека полицијата дејствувала професионално. Повеќе лица се приведени за напад и навреда на полицијата и нарушување на јавниот ред.
Едно полициско возило е оштетено од учесниците во блокадата.
Во Белград, Нови Сад, Ниш и многу градови низ Србија, патиштата беа блокирани на неколку локации. Студентите повикаа на граѓанска непослушност кога осум нивни колеги беа уапсени.
Вишото јавно обвинителство ги обвини осумте студенти за наводно подготвување дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија и во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок.