Македонија
Јапонска помош од 500.000 евра за набавка на медицинска опрема и реновирање

Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда, и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска посети неколку здравствени установи, каде што јапонската влада даде грант за зајакнување на капацитетите со опрема и реконструирање на јавните здравствени установи.
Покрај Клиниката за дигестивна хирургија, со програмата на јапонската влада „Грант – помош за поддршка на мали проекти за човекова безбедност“ се опфатени и Клиниката за гинекологија и акушерство и Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле.
„Речиси половина милион евра им беа доделени на пет здравствени установи за набавка на медицинска опрема и реновирање. Со оваа голема донација ги подобруваме условите и ги зајакнуваме капацитетите во здравствените установи онаму каде што е потребно“, посочи министерот Филипче.
Османи посочи и дека од осамостојувањето на нашата држава Јапонија има обезбедено голема поддршка преку официјалната развојна помош во повеќе значајни сектори, клучни за постигнување на нашите реформски процеси и стратешки цели, како здравство, образование, развој на локалните заедници, во износ над 420 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода и Карпош

Без струја денеска ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информира Центарот за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 06.08.2025 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Таки Хрисик, ул. Тони Богдановски, ул. Борис Трајковски крак 7 и ул. Андреј Богдановски. (Општина Кисела Вода)
· од 09.00 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. Франце Прешерен. (Општина Карпош)“, информира ЦУК.
Македонија
Сончево време, попладне со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.
Македонија
На Богородица и Табановце се чека по 10-тина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, нa ГП Богородица и ГП Табановце времето на чекање е 10-ина минути, на останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.