Забава
Иако го обожаваше, Сталин сакаше да го убие Џон Вејн
Херојот на американските вестерн филмови, вистинскиот, единствен и најпознат каубој во светот беше Џон Вејн. За време на Втората светска војна се чини дека целиот свет внимателно ја следеше борбата на Советскиот Сојуз и САД, а кинематографијата стана вистинско боиште. Со Вејн во главна улога. Советскиот диктатор Јосиф Сталин беше голем обожавател на филмот. Во секоја од неговите куќи имал приватно кино каде што поминувал време и гледал филмови од различни жанрови.

Вејн, пак, беше познат антикомунист. Тој веќе беше во судир со комунистите поради своето мислење, па дури и добивал заканувачки анонимни писма. Но ситуацијата станала многу сериозна кога најпознатиот каубој во светот го привлекол вниманието на Сталин, кој одеднаш одлучил дека Вејн е „закана за нивната цел и треба да биде убиен”. Хировите на Сталин можеа да бидат смртоносни, а според некои тврдења, КГБ навистина се обидел да ја оствари желбата на диктаторот.

Американските агенти сериозно ја сфатија оваа закана и му понудија заштита на Вејн. ФБИ спречи најмалку еден обид за атентат, со помош на самиот Вејн. Откако слушнаа дека двајца агенти на КГБ ќе глумат агенти на ФБИ и ќе дојдат во студиото каде што работеше Вејн, за да го намамат да оди со нив, ФБИ и актерите ги расипаа плановите. Кога Советите стигнаа во студиото, и во просторијата на Вејн, вистинските агенти на ФБИ беа скриени во соседната соба. Наскоро ги фатиле. Агентите беа толку исплашени да не се вратат во Советскиот Сојуз, каде што би морале да му кажат на Сталин дека не успеале, така што на Американците им дале доброволно многу информации.
Подоцна, Вејн го запознал наследникот на Сталин – Никита Хрушчов. Го прашал дали Сталин наредил негово убиство, на што Хрушчов одговорил: „Тоа беше одлуката на Сталин во неговите последни луди години. Јас ја отфрлив таа заповед”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Калиопи објави нова песна и спот
Калиопи денеска во Белград ја претстави својата нова песна со наслов „Добро веќе и лаку ноќ“ („Добра вечер и лека ноќ“).
Автор на музиката, текстот, аранжманот и на продукцијата е повторно Ромео Грил.
Песната „Добро веќе и лаку ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи.
Видеото за песната, кое го изработи Александар Ристовски-Принц, може да се гледа на нејзиниот јутјуб-канал:
Забава
(Фото) Бред Пит изненади со нов изглед на бејзбол-натпревар
Бред Пит повторно го промени својот имиџ. Славниот актер ја покажа својата најнова трансформација за време на четвртиот натпревар од американската бејзбол-лига World Series, кој се одржа на 28 октомври на стадионот „Доџерс“ во Лос Анџелес. Пит се појави со подолга, неуредна руса коса, седи бакенбарди и впечатливи мустаќи, пишува „Е!Онлајн“.

На фотографија од натпреварот, облечен во бел дрес на Доџерс, тој беше со басистот на „Ред хот чили пеперс“. Двајцата го гледаа натпреварот помеѓу домашниот тим од Лос Анџелес и Торонто Блу Џејс, во кој канадскиот тим на крајот победи со резултат од 6-2.

Грубиот изглед е во остра спротивност со кратката фризура што 61-годишниот актер ја имаше во јуни на премиерата на неговиот филм F1: The Movie.

Кога го прашаа за причината за бричењето на главата, Пит за списанието „Пипл“ кусо објасни: „Тукушто завршив со работа. Тоа е за лик што го правевме“.
фото: принтскрин
Забава
Ѕвездата од популарната серија „Суитс“ објави гола фотографија од сопругата: Среќен роденден
Патрик Џ. Адамс, ѕвездата од популарната серија „Suits“, ѝ го честиташе на својата сопруга, актерката Тројан Белисарио роденденот на многу посебен начин. Тој сподели нејзина гола фотографија покрај базенот на својот Инстаграм, на која таа е во друштво на нивното куче Бинс.
„Не знам како го правиш сето тоа или како јас имав среќа да го правам ова со тебе, но ќе ја земам секоја проклета капка што можам да ја добијам“, напиша покрај фотографијата 44-годишниот актер.
„Среќен роденден @sleepinthegardn – ти си дар кој буквално никогаш не престанува да дава и секој што е доволно среќен да те познава го чувствува тоа. Секогаш одиш напред, ниту еден камен не останува непревртен, нема спиење до Бруклин, нема одмор за злите, нема ако, и или но, нема штета, нема прекршоци, нема храброст, нема слава. Цело срце. Цел труд. Цела љубов. Секогаш и на секој начин“, додаде тој во емотивна порака.
Покрај оваа смела фотографија, Патрик објави и низа други слики од нивните животи, вклучувајќи фотографии од актерката во ледена бања, од заедничко пешачење, како лежат во кревет покрај нивната седумгодишна ќерка Аурора и седат со четиригодишната ќерка Елиот на јога подлога.
фото: принтскрин

