Забава
„Оксфорд“ одлучи – ова е зборот на годината
Организацијата „Оксфорд јуниверзити прес“ ги следи промените во англискиот јазик и секоја година избира по еден збор кој најдобро го опишува расположението во текот на таа година.
Нејзините лексикографи навеле дека зборот „toxic“ или во превод „отровно“ или „токсично“ прерасна во опис на сите најпопуларни теми за оваа година. Освен буквалното значење на зборот – отровно, луѓето го користеле да ги опишат врските, политиката и навиките.
Though ‘toxic’ took the #OxfordWOTY title, it’s by no means the only word that caught our attention this year. Find out about the words that made our shortlist at the Word of the Year hub: https://t.co/ulAkRigNlR pic.twitter.com/itJENyr0JK
— Oxford Dictionaries (@OxfordWords) November 15, 2018
Кандидат за збор на годината бил и „gaslihgting“ што се преведува како „правење некого луд“.
Минатата година збор на годината беше „младотрес„ (youthquake) со што е призната моќта на генерацијата наречена „милениалс“, родени на почетокот на 21. век.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кендал Џенер: Бев многу љубоморна на сестра ми Кајли
Манекенката Кендал Џенер во новата епизода на реалити-серијата The Kardashians откри дека како тинејџерка била љубоморна на својата помлада сестра Кајли, затоа што родителите имале многу полабав однос кон неа.
„Кајли пушеше трева пред мене, и јас се налутив. ѝ реков: ‘Ти си дегенерик!’“, раскажа Кендал, додавајќи дека вистинската причина била љубомората — „бев љубоморна што не бев толку слободоумна како неа“.
На крај, призна дека и самата им се придружила и дека „си поминале супер“. Според неа, тогаш имале само 16 и 14 години.
Кајли потврди дека, како најмладо дете, успевала да избегне многу родителски правила. „Мама беше построга со постарите, а со мене веќе беше поопуштена,“ рече таа, додавајќи низ смеа дека Кендал во тие години била „вистински хејтер“.
Забава
(Видео) Колин Фарел: Бев мамурен на снимање со Том Круз, сцената ја повторивме 46 пати
Ирскиот актер Колин Фарел раскажа анегдота за еден од најлошите денови во својата кариера — снимањето на филмот Minority Report во 2002 година со Том Круз.
Во гостување кај Стивен Колбер, Фарел рече дека снимале токму на неговиот роденден, откако претходната ноќ ја поминал славејќи. „Во шест наутро дојде возачот, а јас едвај што легнав. Бев ужасно мамурен“, призна актерот, додавајќи дека како „лек“ побарал шест пива и пакла цигари.
Поради мамурлак, сцената со Круз морале да ја повторуваат дури 46 пати. „Не можев да ја изговорам реченицата. Том, кого многу го почитувам, не беше баш среќен“, изјави Фарел.
Актерот потсети дека две години подоцна отишол на одвикнување од алкохол и дрога и од 2005 година е трезен, а неговата кариера повторно заблескала, што го потврди и номинацијата за „Оскар“ во 2023 година.
Забава
Џон Бон Џови: Не сум правел естетски зафати и не планирам
Рок ѕвездата Џон Бон Џови (68) во подкастот How to Fail зборуваше за стареењето и односот кон естетските зафати. Тој изјави дека никогаш не би се подложил на операции или ботокс.
„Никогаш нема да одам на операции. Косата ми е седа, но барем ја имам. Немам направено ништо — ни ботокс, ни корекција на очи или усни. Не ме интересира тоа“, рече пејачот.
Бон Џови додаде дека го мрази фарбањето коса.
„Пред околу 13 години решив да ја оставам природна.“
Иако призна дека не е целосно задоволен кога ги гледа своите стари фотографии, рече дека најважно му е здравјето: „Може секогаш да заработиш пари или да напишеш песна, но здравјето е клучот на универзумот.“
Во интервјуто спомена и дека ужива во новата улога на дедо, откако неговиот син Џејк и актерката Мили Боби Браун ова лето посвоиле ќерка.

