Македонија
Поради протест, утре ќе биде блокиран сообраќајот пред Собранието
Поради протестот на Семакедонскиот национален конгрес, утре, 18 ноември, ќе биде блокиран сообраќајот на улиците пред и околу Собранието, соопшти МВР.
„Во врска со најавен протест организиран од страна на Семакедонски национален конгрес што ќе биде одржан пред Сообрание на Р.Македонија утре, известуваме дека од 12 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај на улица 11-ти Октомври и тоа на потегот од крстосница помеѓу булевар Кочо Рацин и улица 11-ти Октомври до крстосница помеѓу улица Димитрие Чуповски и улица Даме Груев и од крстосница помеѓу улица Филип Втори Македонски и улица Кеј 13-ти Ноември до крстосница помеѓу улица Даме Груев и улица Македонија“, соопшти МВР.
Возилата што ќе се движат по улиците кои гравитираат кон Сообранието ќе бидат пренасочени по улица Кеј 13-ти Ноември, улица Кирил и Методиј, булевар Св. Климент Охридски и булевар Кочо Рацин.
Протестот против уставните промени е закажан за во 18 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

