Забава
Австралиски магазин затворен поради игнорирање на геј браковите

Еден од најпопуларните австралиски магазини специјализиран за венчавки – „Вајт“ (White) стави клуч на врата откако одби да објавува текстови за истополови бракови и остана без приходи од реклами. Магазинот постоел 12 години.
Основачите на магазинот, Лук и Карла Барел, објасниле дека избегнувале текстови за геј браковите затоа што не сакале да предизвикаат општествена, политичка или правна војна.
Во последниот блог пост напишале дека поради нивниот став биле под напад од активистите и биле принудени да изберат страна, како и тоа дека ги напуштиле неколку огласувачи и магазинот повеќе не бил економски одржлив.
На крајот на 2017 година австралиските пратеници ги легализираа истополовите бракови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Незгодниот момент на Кијану Ривс на доделувањето на наградите „Тони“ стана хит

Непријатниот момент на Кијану Ривс (60) стана вирален откако бродвејската ѕвезда за време на својот настап на доделувањето на наградите Тони во 2025 година скокна на столот на актерот. Ривс без да се сомнева седеше во Radio City Music Hall во Њујорк додека Џонатан Гроф изведуваше енергична верзија на „Mack The Knife“ од мјузиклот „Just In Time“.
Гроф, кој глумеше со Ривс во филмот „The Matrix Resurrections“ од 2021 година, потоа скокна на столот на Ривс, со нозете од двете страни на лицето, и продолжи да пее. Изненадениот Ривс врескаше и го погледна Гроф, кој буквално беше над неговата глава, а потоа го зграпчи за градите и скокна од столот.
@tv_line Jonathan Groff gets up close and personal with Keanu Reeves at the #TonyAwards #keanureeves #jonathangroff #tonys #2025 #cbs ♬ original sound – TVLine
Воодушевените обожаватели ги преплавија социјалните мрежи со коментари, а еден напиша: „Џонатан Гроф се искачи на Кијану Ривс среде публиката и го јаваше за време на неговиот настап на Тони“.
Други коментираа: „Кијану Ривс веќе го освои Тони со овој момент“, „Џонатан Гроф одлучи да ја искористи својата шанса со Кијану Ривс и јас го почитувам тоа“, „Флертувањето на Џонатан Гроф со Ривс беше неочекувано, но јас сум возбуден“.
Забава
(Фото) Џорџ Клуни ја врати својата природна боја на косата: „Изгледав како дилер на дрога“

Џорџ Клуни ги привлече погледите на црвениот тепих на 78-мото доделување на наградите „Тони“ во својот препознатлив стил – со својата природна, седа коса што реши да ја врати по долго време.
Познатиот актер ја доби својата прва номинација за наградата „Тони“ оваа година, благодарение на улогата во бродвејската претстава Good Night, and Good Luck.
Претходно тој ја обои косата во темна боја за да личи на новинарот Едвард Р. Мароу што го играше, но по завршувањето на претставата, реши да се врати на својата природна боја – што особено ја израдува неговата сопруга Амал.
„Мојата сопруга беше најсреќната личност кога се вратив дома и сè ишишав“, рече 64-годишниот Клуни на црвениот тепих.
„Изгледав како дилер на дрога со таа лоша црна боја за коса“, додаде тој.
Забава
Софија Вергара со заводлива фотографија ги воодушеви обожавателите: „Пристигна летото“

Софија Вергара (52) објави заводлива фотографија од себе како се сонча покрај базен на Инстаграм. Таа на шпански во описот напиша „Летото е тука“.
Нејзината објава привлече илјадници обожаватели кои лајкнаа и коментираа, вклучувајќи ја и колешката судијка на „Америка има талент“, Хајди Клум.
„Дојди… и јас го правам истото. Се сончам“, коментираше Клум, на задоволство на нејзините бројни обожаватели.
Софија неодамна беше во центарот на вниманието на медиумите поради нејзината наводна врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Иако беа видени заедно неколку пати, нивната романса, според странските медиуми, не траела долго. Се вели дека Луис го изгубил интересот, а актерката наводно после тоа се чувствувала „напуштено“.