Свет
Гренланд ќе привлекува туристи и инвеститори со нови аеродроми
Парламентот на Гренланд го усвои планот за надградба или изградба на аеродроми со кои големиот северноатлантскиот остров сака да привлече повеќе туристи во својата чиста арктичка дивина, пренесува „Локал“.
Два аеродрома – во главниот град Нуук и во туристичкиот центар Илулисат – ќе бидат значително надградени, што ќе овозможи директни летови до Гренланд од Европа и од Северна Америка. Нов национален аеродром ќе биде изграден во Какорток на југот од островот.
Гренланд е автономна данска територија. Плановите се контроверзни поради директното финансиско учество на Копенхаген. Се проценува дека проектот чини најмалку 3,6 милијарди круни (482 милиона евра).
Речиси 20 отсто од финансиите ќе бидат обезбедени од Данска, која придонесува со 3,6 милијарди круни во годишниот буџет на островот. Парламентот го усвои предлогот доцна во четвртокот со 18 од вкупно 29 гласа.
Во септември проектот го вовлече Гренланд во тринеделна политичка криза во која една независна партија ја напушти владината коалиција во знак на протест против вклученоста на Данска. Социјалдемократската партија Сиумут, која доминира во политиката на Гренланд речиси четири децении, успеа да остане на власт со ново потесно мнозинство.
„Ние создаваме многу можности за иднината на Гренланд. Не распродаваме“, рече премиерот Ким Килсен во парламентарната дебата, објави локалната телевизија КНР.
Трите аеродроми ќе им служат на главните населени центри на островот во кои живеат 55.000 луѓе на површина четири пати поголема од Франција. Помалите заедници во меѓувреме се пожалија дека ќе останат изолирани.
„Покрај тоа, се иницираа и други ризици, како потврденото присуството на американската војска, што сите не го сметаат за позитивна работа, како и ризиците за животната средина предизвикани од подобрите меѓународни врски“, рече Мика Меред, професор по арктичката геополитика во Школата за меѓународни односи ИЛЕРИ во Париз.
Од 2009 година Гренланд во голема мера е независен кога станува збор за економската политика, но надворешната политика и одбранбените прашања остануваат под контрола на Копенхаген.
„Големиот победник во оваа работа е Копенхаген. И на политички, економски и на геополитички план Копенхаген ги зајакнува своите позиции во одборот наспроти Кина и тројниот сојуз со Вашингтон“, рече Меред осврнувајќи се на желбата на Пекинг да инвестира во Арктикот, што предизвика загриженост во САД.
Изградбата на аеродромите треба да заврши до 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

