Свет
Британскиот шеф на дипломатија го предупреди Иран да престане да затвора невини луѓе
Британскиот шеф на дипломатија, Џереми Хант, го предупреди Иран да престане да ги затвора невините луѓе пред неговата прва посета на Исламската Република, пренесува „Брејтбарт“.
Највисокиот британски дипломат изјави дека режимот на Иран мора да ги ослободи луѓето, вклучувајќи ја хуманитарката Назанин Загари-Ретклиф, која е затворена поради спорни обвиненија за шпионирање. Загари-Ретклиф беше уапсена за време на одморот со својата ќерка во април 2016 година. Иранските власти ја обвинија за заговор против владата.
Посетата на Хант е прва од страна на западен министер за надворешни работи кога САД се повлекоа од нуклеарниот договор со Иран.
„Оние невини луѓе со британско-иранско двојно државјанство затворени во Иран мора да бидат вратени кај своите семејства во Британија“, рече Хант. „Слушнав премногу трагични приказни од семејствата што се принудени на ужасна разделба. Затоа пристигнав во Иран со јасна порака до лидерите на земјата: затворањето невини луѓе во затвор не може и не смее да се користи како алатка за дипломатски преговори“.
Друго прашање на агендата на Хант е важноста на тоа Иран да се придржува кон трговските санкции на американскиот претседател Доналд Трамп наметнати претходно овој месец.
„Иранскиот нуклеарен договор останува витална компонента на стабилноста на Блискиот Исток со елиминирање на заканата од нуклеарен Иран“, рече Хант во изјавата објавена во Лондон. Ние ќе се држиме до него сè додека Иран го прави тоа. Но, исто така треба да го видиме крајот на дестабилизирачката активност на Иран во остатокот од регионот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

