Свет
Саудискиот крал го одржа првиот говор по убиството на Кашоги, го поддржа принцот, а новинарот не го ни спомена

Саудискиот крал Салман го одржа првиот главен говор кога саудиските агенти го убија новинарот Џамал Кашоги, а во својот говор тој го поддржа неговиот син.
Имено, Салман му понуди поддршка на својот син, принцот Мохамед бин Салман, но не ги спомена обвинувања против принцот за кои се смета дека го наредил убиството.
Во денешниот говор саудискиот крал ги претстави нивните приоритети за наредната година и притоа во говорот се фокусира на прашањата како што се војната во Јемен, безбедноста на Палестинците, стабилноста на нафтениот пазар, ситуацијата со Иран и отворањето нови работни места за Саудијците, објави АП.
Саудискиот крал Салман не ги спомена критиките на чиј удар се најде син му, принцот Мохамед бин Салман, тој само рече дека син му го советувал да се фокусира на развивање на капацитетот на саудиската младина.
Кашоги, кој работеше како новинар на „Вашингтон пост“, исчезна кога влезе во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври. Официјален Ријад соопшти дека новинарот бил убиен кога влегол во конзулатот и тоа, како што посочија, за време на кавга со неколку сега осомничени саудиски агенти кои во тој момент биле во конзулатот. Телото на Кашоги сè уште не е пронајдено. Официјален Ријад не соопштува детали, а турските власти уште првиот ден по исчезнувањето на новинарот, прстот го вперија во Саудиска Арабија и тамошните власти.
Саудиска Арабија е под огрмоен меѓународен притисок за расветлување на убиството на новинарот. Џамал Кашоги замина во конзулатот за да ги набави потребните документи за својата венчавка. Новинарот во повеќе наврати ја критикува политиката на властите во Саудиска Арабија.
Според податоци и информации на ЦИА, принцот Мохамед бил тој што го наредил убиство на Кашоги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Промената на режимот во Иран би довело до хаос

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави на самитот на Г7 во Канада дека промената на воениот режим во Иран би била голема грешка, јавуваат „Ројтерс“ и АФП.
„Промената на режимот би довело до хаос“, изјави Макрон пред новинарите во Алберта, нагласувајќи дека земјите треба да се вратат на разговорите за нуклеарната програма на Иран.
„Верувам дека ни требаат Соединетите Американски Држави да ги вратат сите на преговарачката маса“, рече Макрон.
Свет
Голема акција во Израел: планира да врати 150.000 свои државјани во земјата

Израел подготвува воздушен и поморски транспорт за да ги врати дома своите граѓани заглавени во странство по нападот врз Иран во петокот и затворањето на неговиот воздушен простор, објави министерката за транспорт.
„Првиот чекор беше да се испратат сите израелски авиони во странство за да се спречи нивно оштетување, бидејќи тогаш немаше да имаме никакви средства за репатријација на луѓето. Тој чекор е завршен. Следниот чекор е постепено враќање на Израелците“, рече Мири Регев за време на посетата на местото на иранскиот напад во центарот на земјата.
„Има помеѓу 100.000 и 150.000 Израелци во странство“, рече министерката, додавајќи дека нејзината канцеларија отворила морска рута од Кипар и Грција.
Израелската авиокомпанија „Ел Ал“, која објави прекин на сите летови во петокот, во вторникот соопшти дека се подготвува за летови за спасување почнувајќи од среда.
Авионите на „Ел Ал“ ќе полетаат од Ларнака на Кипар, Атина, Рим и Милано во Италија и Париз, рече таа.
Израелскиот нискобуџетен превозник „Аркија“ исто така најави специјални летови почнувајќи од среда за да ги врати Израелците дома. Авионите на „Аркија“ ќе полетаат од Кипар, Грција и Црна Гора, се вели во соопштението.
Израел започнанапад врз Иран на 13 јуни, таргетирајќи стотици воени и нуклеарни цели, со цел, велат властите, да ја спречи земјата да развие атомска бомба. Иран постојано негира каква било таква намера.
Свет
Британскиот министер за одбрана: Единствениот пат до траен мир е дипломатско решение

Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, изјави дека влошувањето на безбедносната ситуација на Блискиот Исток претставува опасен момент за целиот регион.
Тој нагласи дека Велика Британија продолжува да го поддржува правото на Израел на безбедност и дека има сериозна загриженост во врска со нуклеарната програма на Иран.
Сепак, Хили повика на воздржаност од сите страни и рече дека единствениот пат до траен мир е дипломатско решение, а не воена ескалација.
Тој додаде дека во регионот пристигнале дополнителни британски воени ресурси, вклучувајќи борбени авиони „Тајфун“ распоредени во RAF Акротири на Кипар, за да го заштитат британскиот воен персонал кој сега е во состојба на висока готовност.
На прашањето дали е загрижен за можноста САД директно да се вклучат во израелските напади врз Иран, со оглед на пристигнувањето на дополнителни американски борбени авиони, Хили одговори дека сегашниот американски претседател Доналд Трамп сè уште ги предводи повиците до Техеран да се согласи на договор.
Тој го опиша зголеменото воено присуство на Велика Британија и САД како порака до Иран дека дипломатскиот пат е единственото решение за сегашната криза.