Македонија
Италијански медиуми: Папата Франциско во мај ќе ја посети Македонија
Папата Франциско во мај следната година ќе ја посети Македонија, објави римокатоличкиот интернет сервис „Религион дигитал“, повикувајќи се на извори од Ватикан. Папата ќе ги посети и Романија и Бугарија. Посетата најверојатно ќе се одвива од 3 до 7 мај.
Сервисот објавува дека ова ќе биде прва посета на еден Папа во Македонија.
„Во очекување на официјалната агенда за посетата, засега е позато дека Папата ќе ги посети Софија и Пловдив во Бугарија, Букурешт во Романија и Скопје во Македонија, која е четврта земја во Европа по бројот на муслиманско население“, објави „Религион дигитал“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Митески: Аеродром ќе добие нова спортска сала, зад ФФМ со неколку спортски терени
Спортот добива нов дом во Аеродром.
„Со министерот за спорт – Борко Ристовски најавуваме изградба на нова спортска сала во Аеродром, во вредност од повеќе од 1 милион еврa и со поддршка од Министерството за Спорт и Владата“, објави кандидатот за градоначалник, Дејан Митески.
Салата, како што најави, ќе биде лоцирана зад ФФМ, ќе содржи неколку спортски терени и ќе биде вистински поттик за младите генерации да се занимаваат со спорт.
Македонија
Филипче: Ацо Велковски е човек со дела зад себе, победата во Лозово е на дофат
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешните средби со граѓани од Лозово, порача дека кандидатот за градоначалник од СДСМ за Лозово, Ацо Велковски, е човек кој со своите дела покажа како треба да се развива оваа општина. Филипче потсети дека Велковски во претходниот мандат од 2017 до 2021 година, реализираше проекти кои беа во интерес на граѓаните и напредокот на општината.
“Се изгради нова општинска зграда, градинка, реновирано е училиштето, паркот. Во тој период во Лозово имаше визија, имаше напредок и тоа граѓаните го чувствуваат. И затоа е Ацо повторно кандидат за градоначалник”, рече Филипче.
Од друга страна како што кажа Филипче, актуелниот градоначалник буквално ништо не презема за општината и за граѓаните.
“Нема никаква капитална инвестиција, нема продолжување на близу 50-тина проекти коишто во тоа време остана незавршени. Така што сум прилично сигурен дека граѓаните ќе можат да ја почувствуваат разликата, знаат што значи да имаат градоначалник кој работи отворено, транспарентно, кој ја унапредува општината, кој го прави животот полесен, попријатен и поубав. Тука каде што свое место наоѓаат младите, пензионерите, земјоделците, сите категории на граѓани кои живеат во оваа општина”, рече Филипче.
Тој додаде дека во општина Лозово, СДСМ во вториот круг, има поддршка и од коалициските партнери и од еден од независните кандидати, од првиот круг на изборите.
„Им благодарам за поддршката и мислам дека победата тука во Лозово е на дофат“ , рече Филипче.
Македонија
Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало
Кандидатот за градоначалник на општина Центар од Движењето ЗНАМ поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Мирослав Лабудовиќ и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска остварија средба со жителите на Маџир Маало, на кој им ветија дека ќе направат се за набргу да им ги обезбедат сите неопходни услови за живот и развој во 21 век. Со вицепремиерот и министер имаме заедничка согласност дека оваа брутална бетонизација што му се случува на Центар треба да запре час поскоро. А, првиот чекор е носење и ревизија на сите урбанистички планови. Што ќе се прави со континуирана соработка на локалната со централната власт.
„Имаме заеднички став дека новиот детален урбанистички план за Маџир Маало, ќе биде квалитетен, за модерен развој на овој дел од Скопје и, се разбира, исклучиво во интерес на граѓаните. Со нив ќе се консултираме како сакаат, каква потреба имаат тие за овој дел од нашата општина. Дополнително планираме изградба на нова градинка на овој потег, како и модернизација на улиците кои долго време не се санирани“, рече Лабудовиќ, нагласувајќи дека соработката што ќе ја имаат и со Минстерството за транспорт и врски и со Град Скопје ќе биде исклучиво во штитење на јавниот интерес.
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски пак, посочи дека е жално во 21 век луѓето да живеат во субстандардни услови во срцето на Скопје.
„И овде на дело може да видите како изгледа урбанистичкиот хаос и создавање на урбанизам во интерес само на поединци. Затоа што, поединци кои се блиски до актуелното раководство на општина Центар не може овде да си го најдат личниот финансиски интерес или да најдат бизнис и токму затоа луѓето живеат во сосотјба која не личи на 21 век – со уништени улици, без соодветен водовод и канализација и со нерешени имотни прашања. И, ова на најдобар начин покажува како се уништува општината и зошто се неопходни промени во Центар“, потенцираше Николоски.
Вицепремиерот Николоски верува дека заедно со Лабудовиќ, кого го нарече иден градоначалник на Центар, ќе работат на изнаоѓање решенија за сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат маџлирмаалци. За, конечно тие да дојдат до пристојни услови за живот.

